Huawei ги објави бизнис резултатите за првата половина на 2020 година

Huawei официјално ги претстави бизнис резултатите за првата половина на 2020 година. Во овој период, компанијата оствари приход од 454 милијарди кинески јуани (64,2 милијарди американски долари), што претставува зголемување од 13,1% во однос на истиот период минатата година.

huawei-gi-objavi-biznis-rezultatite-za-prvata-polovina-na-2020-godina-01.jpg

Нето профитната маржа е 9.2%[1]. Различните бизниси на Huawei ги остварија следниве приходи за истиот период: Huawei Carrier Business Group - 159,6 милијарди кинески јуани (22,5 милијарди американски долари), Huawei Enterprise Business Group - 36,3 милијарди кинески јуани (5 милијарди долари). Најимпресивните резултати беа забележани кај Huawei Consumer Business Group, кои остварија приход од 255,8 милијарди кинески јуани (36,2 милијарди американски долари).

Во ситуацијата на борба против пандемијата предизвикана од КОВИД-19, информатичките и комуникациските технологии (ИКТ) станаа клучна алатка во борбата против вирусот и економско закрепнување. Huawei ја потврди својата заложба да работи со оператори и партнери во индустријата за одржување стабилно мрежно работење, забрзување на дигиталната трансформација и поддршка за локалните проблематични области и обнова на економијата.

Сложеното надворешно опкружување придонесе кон зголемување на важноста за уште поотворена соработка и зголемена доверба во вредноста. Huawei вети дека ќе продолжи да ги исполнува своите обврски кон клиентите и добавувачите, да ги надминат тешкотиите и да одат напред, додека придонесува за глобалната дигитална економија и технолошки развој, без оглед со какви предизвици се соочува компанијата.

[1] Финансиските податоци се неревидирани податоци подготвени во согласност со Меѓународните стандарди за финансиско известување. Девизен курс на крајот на јуни 2020 година: US$1 = CNY7.0677 (извор: надворешни агенции)

Би можело да ве интересира:

Електронски уреди за кои дававме цело богатство, но сега само собираат прашина MP3 плеер, GPS уред, дигитален фотоапарат – сите бевме подготвени да дадеме мало...
Мрачната страна на виралниот ChatGPT тренд: „Не знаете каде се складираат вашите податоци и фотки ил... „За помалку од еден час, вештачката интелигенција може да собере доволно податоц...
Мрачната страна на платформата Роблокс, што е хит и кај нас: Киднапирања, педофили, измами за пари Роблокс овозможува корисниците самите да креираат видеоигри, што значи единствен...
Фото-докази дека мобилните телефони во 2000-тите беа многу „покул“ од модерните смартфони Иако перформансите на ретро мобилните телефони не се ни споредуваат со оние на м...
Безжични слушалки и уште пет секојдневни изуми што постојат благодарение на НАСА Малите камери на смартфоните се технологија што ја развиле инженерите од НАСА – ...
Опседнати сте со ChatGPT, премногу му верувате: Дали страдате од „AI психоза“? Иако засега не е официјална дијагноза, таканаречена AI психоза претставува состо...

Најчитани неделава