Искрена љубов базирана на доверба и квалитет - мојот омилен пријател и соработник HUAWEI MateBook X Pro 2020


Искрена љубов базирана на доверба и квалитет - мојот омилен пријател и соработник HUAWEI MateBook X Pro 2020

Сакале или не, новата реалност е овде и тука, па нам не ни преостанува ништо друго освен да ја прифатиме и да функционираме најдобро што можеме во неа.

iskrena-ljubov-bazirana-na-doverba-mojot-omilen-prijatel-i-sorabotnik-huawei-matebook-x-pro-2020-01.jpg

И додека маските и средствата за дезинфекција ни се „must have“, „must have“ ни е и брз и ефикасен компјутер на сите оние кои периодов работиме од дома. Со таков под рака и со шолја квалитетно кафе дефинитивно нема да ѝ се предадеме на летаргијата и работата нема да трпи.

Искрено, јас задржав ист интензитет на работа, па дури сум и попродуктивна со оглед на тоа што можам да менаџирам со времето и работните обврски на начин кој е најсоодветен за мене. Сфатив дека од каде било можам да креирам содржини за CRNOBELO.com и притоа да успеам да го задржам квалитетот на сработеното.

iskrena-ljubov-bazirana-na-doverba-mojot-omilen-prijatel-i-sorabotnik-huawei-matebook-x-pro-2020-08.jpg

Но, сега една искрена исповед. Имам верен пријател во тоа, без него ништо не би било исто. Станува збор за новиот HUAWEI MateBook X Pro 2020 лаптоп. Со него под рака, ќе бидам нескромна, но онлјан се чувствувам семоќна. Знам дека нема да ме изневери. Брз, ефикасен, едноставно неверојатен.

iskrena-ljubov-bazirana-na-doverba-mojot-omilen-prijatel-i-sorabotnik-huawei-matebook-x-pro-2020-11.jpg

Толку префинет дизајн што направи да верувам во љубов на прв поглед. За миг покрај сѐ друго стана и мојот нов омилен моден додаток. HUAWEI MateBook X Pro 2020 е достапен во 3 шармантни бои, а јас си ја избрав уникатната мистериозна нијанса на зелена боја. Лаптопот во Emerald Green е впечатлив и совршен за луѓе со желба за експериментирање, додека оние во Matt Grey, Space Grey и Mystic Silver се класичен избор и за бизнис и за задоволство. Кај нас моментално е достапен лаптопот во Matt Grey верзијата.

Ми се допаѓа елеганцијата и урбаната нота со која зрачи визуелниот изглед на овој лаптоп, а и тоа што совршено прилега со моите деловни комбинации. Обожавам и што е ултра лесен и не ми пречи каде и да го носам.

Изгледа стилски со елегантното метално тело со исклучителна и прецизна изработка и финиш на песок. Ултра тенок е со големина од 14.6 мм и тежина околу 1.33 кг, така што можам комотно да го носам секаде. Си имаме искрена љубов базирана на доверба, изглед и квалитет.

iskrena-ljubov-bazirana-na-doverba-mojot-omilen-prijatel-i-sorabotnik-huawei-matebook-x-pro-2020-14.jpg

Дисплеј:
Големина: 13.9 инчи
Тип: LTPS
Сооднос на екран-тело: 91%
Резолуција: 3000 x 2000, 260 PPI
Бои: 100% sRGB спектар на бои (типичен)
Контраст: 1500: 1
Максимално осветлување: 450 јазли (типично)
Сензор за светлина
Агол на гледање: 178 степени
Сооднос: 3:2
Мулти-допир на екран со 10 точки, со снимање на еден допир на екранот

Плус, копчето за старт интелигентно го препознава отпечатокот од мојот прст, овозможувајќи ми да го вклучам лаптопот со еден допир и да се чувствувам сигурно дека моите податоци во него се безбедни.

iskrena-ljubov-bazirana-na-doverba-i-kvalitet-mojot-omilen-prijatel-i-sorabotnik-huawei-matebook-x-pro-2020-01.jpg

Тастатура и тач-пад:
Full-size, backlit chiclet тастатура
Копче со отпечаток од прст
Мулти-тач тач-пад

Бонус е и што камерата е дискретно вградена во тастатурата и се појавува само кога сакам, па така нема потреба да сум под стрес дали ќе ја вклучам случајно во непосакуван миг или со сите тие теории на заговор да стравувам дали таму некој мене ме набљудува. Нема потреба од ставање црна изолир трака на камерата, како што прават некои луѓе. Добивам комплетна заштита на мојата безбедност.

iskrena-ljubov-bazirana-na-doverba-i-kvalitet-mojot-omilen-prijatel-i-sorabotnik-huawei-matebook-x-pro-2020-02.jpg

Камера
1 MP вградена камера
Video Запис / Video Чет
Камера Индикатор

iskrena-ljubov-bazirana-na-doverba-mojot-omilen-prijatel-i-sorabotnik-huawei-matebook-x-pro-2020-09.jpg

Без љубопитни луѓе што душкаат додека спиете и без стравување доколку го изгубите лаптопот дека некој ќе дојде до вашите податоци, звучи добро зарем не? Приватноста е на цена денес, барем за мене.

iskrena-ljubov-bazirana-na-doverba-mojot-omilen-prijatel-i-sorabotnik-huawei-matebook-x-pro-2020-05.jpg

Мојата работа подразбира отворени десетици табови, а HUAWEI MateBook X Pro ми овозможува да штедам време и енергија давајќи ми можност со допир со прстите по екранот да го зумирам табот на кој сакам да се фокусирам. Сѐ ми оди побрзо и полесно.

Вградениот екран на допир ми овозможува да работам поинтуитивно и поефикасно. Можам дури и да влечам надолу со три прста за брзо снимање на екранот без никаков напор.

Одлично е што дури и кога немам пристап до интернет, ретко се случува, но постојат и такви мигови, што можам да ги префрлам сите фотографии направени во текот на денот без проблем на мојот лаптоп и без потреба од кабли. Со користење на Huawei Share и на врвниот тач скрин можам лесно да префрлам податоци од мојот телефон на лаптопот и тоа само со еден допир со прст. Повеќе не сe мачам сама на себе да си праќам фајлови преку Wetransfer, ниту имам потреба од кабли, кои се разбира по принципот на Марфи никогаш не ми се при рака кога ми требаат.

Влезови
USB-C x 2 (support data, charging & DisplayPort)
USB-A 3.0 x 1
3.5 мм слушалки и микрофон x 1

iskrena-ljubov-bazirana-na-doverba-mojot-omilen-prijatel-i-sorabotnik-huawei-matebook-x-pro-2020-04.jpg

Со само еден допир, мојот паметен телефон и Huawei MateBook се поврзуваат во еден супер уред. Да, дури и без интернет врска. По поврзувањето, екранот на мојот паметен телефон се појавува на лаптопот.

Ова ми овозможува лесно пренесување и управување со датотеки меѓу нив додека правам други работи паралелно и докажувам дека жените навистина се царици за мултитаскинг. Оваа интеракција со повеќе екрани е одлична карактеристика на Huawei Share што ми го олеснува животот.

Безжичен
Wi-Fi:
IEEE 802.11a/b/g/n/ac
2.4 GHz и 5 GHz
2 x 2 MIMO
WPA / WPA2 / WEP
Bluetooth:
BT 5.0
компатибилно со BT 4.2, BT 4.1, BT 4.0, BT 3.0 and BT 2.1 + EDR
NFC

iskrena-ljubov-bazirana-na-doverba-mojot-omilen-prijatel-i-sorabotnik-huawei-matebook-x-pro-2020-10.jpg

Моќниот процесор на овој лаптоп ми дозволува да прикачувам статија додека во позадина ми се вклучени сите потребни табови на пребарувачот, програмите за обработка на фотографии, социјалните мрежи, мејлот и низа други програми кои ми се потребни за работа.

Со 10-та генерација Intel® Core™ i7 процесор и NVIDIA GeForce MX250 дискретни графики, до 16 GB меморија и до 1TB брза SSD меморија, HUAWEI MateBook X Pro е дизајниран да ви даде моќни перформанси. Неверојатни перформанси во повеќе задачи, побрза обработка на слики и неприкосновено искуство со игри, интегрирани во еден лаптоп. Ажурираните и брзи Wi-Fi и Bluetooth 5.0 гарантираат подобра врска без никакви грижи.

Перформанси:
Процесор

10th Gen Intel® Core™ i7-10510U процесор, 1.8 GHz 4 cores, Turbo up to 4.9 GHz
Графика
NVIDIA® GeForce® MX250
Intel® UHD графика
Меморија
16 GB LPDDR3 2133 MHz
Простор
1 TB NVMe PCIe SSD

Омилено ми е што поминувам цело работно време само со едно полнење на батеријата, таа е супер моќна батерија од 56 Wh вградена во тенкото тело, и обезбедува и до 13 часа видео репродукција со едно полнење.

iskrena-ljubov-bazirana-na-doverba-mojot-omilen-prijatel-i-sorabotnik-huawei-matebook-x-pro-2020-03.jpg

Најважно е што работата на терен дефинитивно ми минува без стресот од тоа дека батеријата ми е при крај.

Благодарение на ултра-тенок полнач од 65 W, лаптопите, таблетите и паметните телефони на Huawei кои го поддржуваат USB-C интерфејсот, можат да се наполнат брзо, така што нема потреба да носам повеќе полначи со себе дури и кога одам на пат. Одлично е и што HUAWEI MateBook X Pro можам да го користам најмногу 6 часа со брзо полнење од 30 минути.

Батерија
Материјал: Литиум полимер
Капацитет: 56 Wh (номинална вредност)
Репродукција на видео до 13 часа.*

Покрај за работа го користам и за уживање. Со оглед на тоа што одењето на кино беше невозможна мисија периодов со подеднаков интензитет си уживав во новите блокбастери благодарение на одличниот диспеј и сараунд систем.

Моќните звучници и поставувањето на фреквенцијата нудат звук со длабок бас и чиста височина. Покрај тоа, четирите микрофони и интелигентните изолации на бучава функционираат ефикасно за да го филтрираат звучното мешање од околината. HUAWEI MateBook X Pro може да го препознае вашиот глас од растојание од 4 метри, така што апликациите со говорни команди можат да работат беспрекорно.

Аудио
Звучник x 4
Микрофон x 4

Можам да читам книги онлајн со часови и да не почувствувам никакви тегоби со очите, едноставно нема замор.

Со извонреден сооднос на аспект од 91% помеѓу екранот и телото, 3K екранот FullView ви дава извонреден поглед во светли бои. Соодносот 3:2 е идеален за читање и пишување. Со 100% спектар на бои sRGB, секоја слика и видео оживува во светли и реални бои пред вашите очи.

iskrena-ljubov-bazirana-na-doverba-mojot-omilen-prijatel-i-sorabotnik-huawei-matebook-x-pro-2020-06.jpg

Кога средувам фотографии за патувачките интервјуа на CRNOBELO.com обожавам што фотографиите можам да ги видам во сиот нивни сјај односно со силни бои и доловување на секој детаљ и на тој начин реално ги доживувам сите тие дестинации за кои ми раскажуваат моите соговорници.

Исто така соработувам со доста фотографи од Македонија и мило ми е што нивните фотографии не губат од квалитет и ги гледам исто како и самите фотографи. Нивните кадри пленат кога гледате со ваков добар спектар на бои. Талент плус технологија е еднакво на врвно доживување.

Дефинитивно топло го препорачувам HUAWEI MateBook X Pro 2020, бидејќи откако јас ја започнав дружбата со него дефинтивно не можам да си го замислам денот без него.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Huawei P40 Pro се најде на врвот на листите на DXOMARK со импресивен ранг за камерата Неодамна беше претставена P40 серијата на Huawei, која доаѓа со врвен дизајн и и...
Рен Женгфеи - основач на Huawei: Малкумина знаат дека татко на 5G e турскиот професор Ердал Арикан 5G се базира на математички алгоритам на кој наидовмедва месеци по неговото обја...
Креирајте ги најдобрите улични портрети со Huawei P10 lite за време на летниот одмор Скопје, 27 Jуни 2017 г. – Летниот одмор наближува и сите со нетрпение го очекува...

Најчитани неделава