Хуавеи: Одлуката на Шведска за 5Г опремата е без основа

Хуавеи е изненаден и разочаран од одлуката на шведскиот орган за телекомуникации, којa всушност забрани употреба на 5Г опрема на компанијата во Шведска

huavei-odlukata-na-shvedska-za-5g-opremata-e-bez-osnova-01.jpg

Како одговор на одлуката на Шведска за условите за учество на операторите на аукции од 3,5 гигахерци и 2,3 гигахерци, што всушност претставува забрана за употреба на 5Г опрема на таа компанија, Хуавеи наведува дека тие се приватна комерцијална компанија во целосна сопственост на нејзините вработени.

„Нема основа за обвинувањата дека Хуавеи претставува каква било закана за безбедноста. Ние веруваме дека исклучувањето на Хуавеи се заснова на неоснована претпоставка и дека е неправедно и неприфатливо.

За 20 години деловно работење во Шведска, како и за повеќе од три децении постоење во повеќе од 170 земји во светот, не е забележан поголем безбедносен инцидент.

Хуавеи никогаш не предизвика најмала закана за шведската сајбер безбедност и тоа нема да се случи во иднина. Исклучувањето на Хуавеи нема да придонесе за безбедноста на шведската 5Г мрежа. Напротив, ќе има сериозни нарушувања на конкуренцијата и иновативноста“, стои во соопштението на компанијата.

Хуавеи ќе го процени ефектот на одлуката и се надева дека шведската влада ќе ја преиспита одлуката во духот на фер и отворен пазар, како што секогаш поддржувала.

Би можело да ве интересира:

Опседнати сте со ChatGPT, премногу му верувате: Дали страдате од „AI психоза“? Иако засега не е официјална дијагноза, таканаречена AI психоза претставува состо...
Безжични слушалки и уште пет секојдневни изуми што постојат благодарение на НАСА Малите камери на смартфоните се технологија што ја развиле инженерите од НАСА – ...
Електронски уреди за кои дававме цело богатство, но сега само собираат прашина MP3 плеер, GPS уред, дигитален фотоапарат – сите бевме подготвени да дадеме мало...
Мрачната страна на платформата Роблокс, што е хит и кај нас: Киднапирања, педофили, измами за пари Роблокс овозможува корисниците самите да креираат видеоигри, што значи единствен...
Мрачната страна на виралниот ChatGPT тренд: „Не знаете каде се складираат вашите податоци и фотки ил... „За помалку од еден час, вештачката интелигенција може да собере доволно податоц...
Фото-докази дека мобилните телефони во 2000-тите беа многу „покул“ од модерните смартфони Иако перформансите на ретро мобилните телефони не се ни споредуваат со оние на м...

Најчитани неделава