Направен е првиот антибактериски смартфон во светот кој самиот се дезинфицира

Компанијата Bullitt го направи првиот антибактериски смартфон во светот кој самиот се дезинфицира со помош на сребрени јони. Телефонот ќе биде пуштен во продажба следната година.

napraven-e-prviot-antibakteriski-smartfon-vo-svetot-koj-samiot-se-dezinficira1.jpg

Пандемијата навистина нè натера да обрнуваме посебно внимание на бактериите, микробите и дезинфекцијата. Сите ги миеме рацете по стопати на ден, користиме секакви средства за дезинфекција, а мораме и да го дезинфицираме смартфонот после секое излегување од дома. Веројатно од компанијата Bullitt размислувале токму за ова кога го дизајнирале првиот антибактериски смартфон.

Cat S42 e првиот смартфон во светот кој користи технологија што ги отстранува микробите од неговата површина. Направата е дело на компанијата Bullitt и ќе биде достапен за продажба на почетокот од следната година.

napraven-e-prviot-antibakteriski-smartfon-vo-svetot-koj-samiot-se-dezinficira06.jpg

Смартфонот го спречува ширењето на бактериите на неговата површина благодарение на сребрените јони, кои се вградени во материјалот од коишто е изработен надворешниот дел од телефонот. Оваа технологија е позната како Biomaster. Сребрените јони ја оштетуваат мембраната на бактериите и го спречуваат нивното размножување, па имаат одлични антибактериски својства.

Од компанијата нагласуваат дека смартфонот можеби не ги неутрализира бактериите и вирусите, вклучувајќи го корона вирусот, но го спречува нивното размножување.

Кога микробите не можат да се размножуваат, нивниот број нема да расте. Според нив, технологијата што ја користи телефонот може да го намали бројот на бактерии за 80% во рок од 15 минути, или за 99,9% во период од 24 часа.

napraven-e-prviot-antibakteriski-smartfon-vo-svetot-koj-samiot-se-dezinficira-03.jpg

Уште подобро е што овој смартфон е водоотпорен и од компанијата тврдат дека корисниците можат слободно да го чистат со вода и сапун, средства за дезинфекција и слично.

„Оваа направа е одлична за луѓето кои работат во здравствени установи или оние кои мораат да посетат многу места во текот на работниот ден“, изјавуваат од компанијата.

napraven-e-prviot-antibakteriski-smartfon-vo-svetot-koj-samiot-se-dezinficira-02.jpg

Смартфонот со оваа технологија ќе биде достапен следната година, по цена од околу 250 долари. Од компанијата сакаат да ја вметнат технологијата и во други модели на Cat смартфони, кои имаат подобар перформанс и повеќе опции, како термална камера, па ќе бидат поскапи.

Смартфоните Cat веќе се познати како едни од најиздржливите, а веројатно истото ќе важи и за антибактерискиот модел. Тестирањата покажале дека телфонот не само што е водоотпорен, туку може да издржи далбочина до 1,5 метри, во рок од 35 минути. Смартфнот е отпорен и на прашина, а може да „преживее“ пад од 1,8 метри.

napraven-e-prviot-antibakteriski-smartfon-vo-svetot-koj-samiot-se-dezinficira-04.jpg

napraven-e-prviot-antibakteriski-smartfon-vo-svetot-koj-samiot-se-dezinficira-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Знаци дека телефонот можеби ви е хакиран (или некој се обидува да го хакира) Телефонот се загрева без причина и имате проблеми со перформансот, дури и ако им...
Како да го спречите расипувањето на батеријата и да му го продолжите рокот на траење на смартфонот? Не купувајте евтини полначи и не ги игнорирајте надградбите за софтверот – како ...
Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg