Претставен првиот телевизор кој може да се „спакува“ и скрие во подот - чини 400.000 долари


Претставен првиот телевизор кој може да се „спакува“ и скрие во подот - чини 400.000 долари

Австриска компанија го направи првиот телевизор во светот кој се превиткува, а можете да се купи по цена од неверојатни 400.000 долари. Иако сумата е огромна, во неа не се вклучени дополнителните трошоци за инсталација.

pretstaven-prviot-televizor-koj-se-previtkuva-chini-duri-400-000-dolari-01.jpg

Неколку компании, како Huawei и Samsung, веќе направија смартфони што се превиткуваат, но досега ја немавме видено оваа технологија кај телевизор. Сега, компанијата C SEED Entertainment од Австрија го претстави првиот ваков телевизор.

pretstaven-prviot-televizor-koj-se-previtkuva-chini-duri-400-000-dolari-08.jpg

Телевизорот со дијагонала од 165 инчи (419 сантиметри) може да се превитка и да се „скрие“ во подот кога е исклучен. Направен е од пет различни микро ЛЕД панели, а кога е „отворен“ помеѓу нив не се познаваат местата на превиткување.

pretstaven-prviot-televizor-koj-se-previtkuva-chini-duri-400-000-dolari-02.jpg

Луксузниот телевизор, наречен M1 чини вртоглави 400.000 долари, а во оваа сума не се вклучени трошоците за инсталација. А, за да го сместите овој телевизор во домот, ќе ви треба и простор под подот.

„Со притискање на едно копче, подот се отвора и за неколку секунди, телевизорот тивко излегува“, пишува на веб-сајтот на компанијата.

Новиот модел ќе биде пуштен во продажба кон средината на 2021-ва, а од компанијата велат дека оваа технологија засекогаш ќе ги промени телевизорите.

pretstaven-prviot-televizor-koj-se-previtkuva-chini-duri-400-000-dolari-06.jpg

„Денес, големите телевизори закачени на ѕидот се симбол за модерен ентериер. Затоа, ние тргнавме по друг пат и направивме револуционерен дизајн. Телевизорот М1 нуди уникатно искуство со неверојатен квалитет без да го наруши изгледот на просторијата – идеално решение за вметнување голем телевизор во модерниот ентериер“, велат до компанијата.

pretstaven-prviot-televizor-koj-se-previtkuva-chini-duri-400-000-dolari-07.jpg

pretstaven-prviot-televizor-koj-se-previtkuva-chini-duri-400-000-dolari-03.jpg

pretstaven-prviot-televizor-koj-se-previtkuva-chini-duri-400-000-dolari-04.jpg

Како што напоменавме, неколку големи компании веќе направија смартфони, но и таблети и лаптопи кои се превиткуваат, па изгледа дека наскоро оваа технологија ќе земе голем замав.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Новиот Самсунг телевизор е уметничко дело во секоја смисла на зборот Новиот телевизор произведен од Самсунг не е само екран на кој ќе може да гледате...
10 изуми од светот на технологијата кои заблескаа во 2016-та година Светот на иновациите не мирува. Оние работи, како патиките кои сами се врзуваа в...
До каде е светот, до каде сме ние: Кина планира да направи соларна централа во вселената Кина планира да ја направи првата соларна централа за производство на чиста беск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg