Екран на допир, компјутер - 8 секојдневни предмети кои се многу постари отколку што мислевте

Првиот мобилен телефон е направен во 1973 година, а истиот период почнале да се произведуваат и првите екрани на допир.

ekran-na-dopir-kompjuter-8-sekojdnevni-predmeti-koi-se-mnogu-postari-otkolku-shto-mislevte-01.jpg

Мобилните телефони, компјутерите, екраните на допир – сето ова се технологии што почнавме да ги користиме неодамна, па сите мислиме дека постојат само неколку децении.

Но идеите и прототипите на многу вакви уреди датираат уште од минатиот, па дури и 18-тиот век.

Погледнете неколку секојдневни предмети кои се многу постари отколку што мислевте:

Микрофон

Првиот микрофон бил направен во 1876 година од страна на Александар Греам Бел, и тоа како трансмитер за неговиот телефон. Но, овој уред не бил воопшто практичен.

Во 1886 година Томас Едисон направил попрактична верзија која се користела сè до 1970-тите, односно додека не испаднала помодерна варијанта.

ekran-na-dopir-kompjuter-8-sekojdnevni-predmeti-koi-se-mnogu-postari-otkolku-shto-mislevte-02.jpg

Вакцини

Според некои наоди, Кинезите намерно ги заразувале децата со сипаници за да стекнат имунитет уште пред илјада години. Иако ова е поразлично од модерните вакцини, идејата е иста – личноста да се зарази со болеста за да стекне имунитет.

Наводно, оваа практика била популарна и во Африка и Турција пред да почне да се шири кон Европа и Америка.

Првата вакцина каква што ја знаеме денес е дело на Едвард Џенер од 1796 година. Тој почнал да користи вирус (cowpox) кој предизвикува болест слична на сипаници за да создаде вакцина против сипаници.

ekran-na-dopir-kompjuter-8-sekojdnevni-predmeti-koi-se-mnogu-postari-otkolku-shto-mislevte-03.jpg

Екрани на допир

Екраните на допир нè тераат да се чувствуваме како да живееме во иднината, но знаевте ли дека оваа технологија и не е така нова?

Историчарите сметаат дека првиот екран на допир е уред развиен од Ерик Артур Џонсон во 1960-тите. Ерик издал детален опис на технологија со екран на допир околу 1967 година, а само неколку години подоцна инженери од ЦЕРН направиле транспарентен екран на допир.

Со текот на времето технологијата се развивала, па денес ги имаме модерните екрани на допир кои функционираат речиси беспрекорно.

ekran-na-dopir-kompjuter-8-sekojdnevni-predmeti-koi-se-mnogu-postari-otkolku-shto-mislevte-04.jpg

Автомобили

Никола Кињо е личноста која го измислила првото возило на сопствен погон. Неговиот автомобил всушност било парна машина, односно се движел со помош на пареа.

Првото возило, кое се движело со максимална брзина од 4 километри на час, го направил во 1769 година, а следната направил и подобрена верзија.

Во 1886 година, пак, Карл Бенц поднел барање за патент за неговиот изум кој го нарекол „превозно средство со мотор“. Автомобилот на Карл е всушност првото возило со мотор со внатрешно согорување, па се смета дека тој е „таткото“ на автомобилската индустрија.

ekran-na-dopir-kompjuter-8-sekojdnevni-predmeti-koi-se-mnogu-postari-otkolku-shto-mislevte-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Фото-докази дека мобилните телефони во 2000-тите беа многу „покул“ од модерните смартфони Иако перформансите на ретро мобилните телефони не се ни споредуваат со оние на м...
Електронски уреди за кои дававме цело богатство, но сега само собираат прашина MP3 плеер, GPS уред, дигитален фотоапарат – сите бевме подготвени да дадеме мало...
Мрачната страна на платформата Роблокс, што е хит и кај нас: Киднапирања, педофили, измами за пари Роблокс овозможува корисниците самите да креираат видеоигри, што значи единствен...
Мрачната страна на виралниот ChatGPT тренд: „Не знаете каде се складираат вашите податоци и фотки ил... „За помалку од еден час, вештачката интелигенција може да собере доволно податоц...
Безжични слушалки и уште пет секојдневни изуми што постојат благодарение на НАСА Малите камери на смартфоните се технологија што ја развиле инженерите од НАСА – ...

Најчитани неделава