„Го тестиравме HUAWEI MateBook 14s - одлични перформанси, префинет изглед и идеален за работа од терен“

Новинарството не е работа која завршува во 16 часот, па така HUAWEI MateBook 14s совршено ни се најде како алатка за работа од терен. Брзината неверојатна, опциите напредни, а за изгледот нема потреба ни да зборуваме, гледате и самите од фотографиите. Дефинитивно, уште еден совршен производ од палетата на HUAWEI, компанијата на која на прво место ѝ е грижата за своите корисници.

go-testiravme-huawei-matebook-14s-odlichni-performansi-prefinet-izgled-i-idealen-za-rabota-od-teren-01.jpg

Во редакција со задоволство ги дочекуваме уредите на HUAWEI, а овојпат имавме можност да се „дружиме“ со новиот лаптоп HUAWEI MateBook 14s. Брз и ефикасен за луѓе кои не сакаат работата да им трпи и префинет и софистициран за луѓе на кои клучен им е впечатокот што го оставаат пред другите.

Новинарството не е работа која завршува во 16 часот, па така HUAWEI MateBook 14s совршено ни се најде како алатка за работа од терен.

go-testiravme-huawei-matebook-14s-odlichni-performansi-prefinet-izgled-i-idealen-za-rabota-od-teren-10.jpg

Последни проверки на содржината, плус третирање на актуелните случувања се дел од нашите активности и надвор од работното време, па HUAWEI MateBook 14s совршено ни послужи притоа.

Брзината неверојатна, опциите напредни, а за изгледот нема потреба ни да зборуваме, гледате и самите од фотографиите.

go-testiravme-huawei-matebook-14s-odlichni-performansi-prefinet-izgled-i-idealen-za-rabota-od-teren-04.jpg

Со него беспрекорно ќе се поврзете со уште повеќе уреди, ќе ја инспирирате својата креативност дополнително и ќе доживеете нови нивоа на продуктивност. Ние ја добивме Space Grey нијансата.

go-testiravme-huawei-matebook-14s-odlichni-performansi-prefinet-izgled-i-idealen-za-rabota-od-teren-09.jpg

Уредот е навистина лесен благодарение на лесното куќиште од 1.43 kg и цврстото тело од алуминиумска легура. Ќе уживате во секоја глетка на 2.5K HUAWEI FullView дисплејот. Прикажете ги вашите работни проекти на MateBook на премиум екранот 4K MateView, со неговата неверојатна палета на бои.

go-testiravme-huawei-matebook-14s-odlichni-performansi-prefinet-izgled-i-idealen-za-rabota-od-teren-02.jpg

Работите можете да ги прилагодувате според вашите потреби. Стапката на освежување од 90 Hz овозможува тие да течат непречено. Лесно префрлајте помеѓу 90 Hz, за подобрени перформанси и 60 Hz, за подобрено траење на батеријата, со едноставно допирање на копчињата Fn + R.

go-testiravme-huawei-matebook-14s-odlichni-performansi-prefinet-izgled-i-idealen-za-rabota-od-teren-13_1.jpg

Тука е и опцијата Huawei Share, која мора да признаеме дека ни е омилена.

go-testiravme-huawei-matebook-14s-odlichni-performansi-prefinet-izgled-i-idealen-za-rabota-od-teren-08.jpg

Можете да го поврзете и со таблет и да отворите две програми истовремено, едната прикажана на екранот на HUAWEI MateBook 14s, а другата на екранот на таблетот. Совршен за правење белешки за време на онлајн час или видео-конференциски повик, како и за работа на дизајн проекти на HUAWEI MateBook 14s.

go-testiravme-huawei-matebook-14s-odlichni-performansi-prefinet-izgled-i-idealen-za-rabota-od-teren-21.jpg

Исто така може да уживате во автоматското поврзување кога ги отворате слушалките HUAWEI FreeBuds во близина на HUAWEI MateBook 14s со прозорец што го прикажува траењето на батеријата на поединечна слушалка и кутијата за полнење.

go-testiravme-huawei-matebook-14s-odlichni-performansi-prefinet-izgled-i-idealen-za-rabota-od-teren-001.jpg

За аудиото што се издвојува по квалитетот, HUAWEI MateBook 14s е првиот MateBook кој има HUAWEI SOUND. Специјално програмираниот алгоритам создава искуство со опкружувачки звук како ниеден друг преку 4 вградени звучници, со резонантни високи тонови и силни, моќни басови.

Овој лаптоп е и идеална машина за видео и конференциски повици. Има 4 микрофони, сместени напред и луѓето можат да ви го слушаат гласот цели 360° наоколу и до 5 метри. Personal Voice Enhancement функцијата успешно ги филтрира туѓите гласови за време на состаноци и повици, за да се осигура дека сте секогаш кристално јасни и слушнати.

Го филтрира амбиенталниот шум и ќе ви даде неверојатно искуство.

go-testiravme-huawei-matebook-14s-odlichni-performansi-prefinet-izgled-i-idealen-za-rabota-od-teren-26.jpg

HUAWEI MateBook 14s може да го пофалиме и за импресивната удобност.

Вашите прсти ќе се чувствуваат одморени, благодарение на тастатурата со целосна големина и природната големина на копчињата од 1.5 mm. Нема да ве вознемирува темнината кога работите до доцна со функцијата за позадинско осветлување на 3 нивоа, која осветлува автоматски кога светлината се намалува.

go-testiravme-huawei-matebook-14s-odlichni-performansi-prefinet-izgled-i-idealen-za-rabota-od-teren-03.jpg

HUAWEI MateBook 14s доаѓа опремен со моќниот процесор од 11-та генерација Intel® Core™ H-Series и Intel® Iris® Xe Graphics. Со термичка моќност до 45 W во Performance Mode, ќе можете да извршувате повеќе програми во секое време и да уживате во неверојатни нивоа на мултитаскинг. Плус, искусете брз пристап до сите ваши датотеки преку двоканалната меморија и SSD со голема брзина.

go-testiravme-huawei-matebook-14s-odlichni-performansi-prefinet-izgled-i-idealen-za-rabota-od-teren-23.jpg

HUAWEI MateBook 14s доаѓа со повеќе ултра тенки шарки на вентилаторот во облик на S во системот со двоен вентилатор Shark fin, 25% поголем довод на воздух преку дизајнот на влезот на шарката и стручно поставени целосно бакарни топлински канали, за да се осигура дека останува ладен дури и кога потрошувачката на енергија е на високо ниво.

go-testiravme-huawei-matebook-14s-odlichni-performansi-prefinet-izgled-i-idealen-za-rabota-od-teren-07.jpg

HUAWEI MateBook 14s има моќ да издржи со својата батерија со супервисок капацитет од 60 Wh. Користете го и компактниот USB-C адаптер од 90 W за брзо полнење и на телефонот и на таблетот.

На располагање ви е опцијата отклучување со препознавање на ликот и можете да пристапите до MateBook 14s додека трепнете.

go-testiravme-huawei-matebook-14s-odlichni-performansi-prefinet-izgled-i-idealen-za-rabota-od-teren-33.jpg

За поголема безбедност тука е и отклучувањето со отпечаток од прст.

За работа на терен, но и за релаксирачки активности во вашиот дом HUAWEI MateBook 14s дефинитивно е совршен избор.

go-testiravme-huawei-matebook-14s-odlichni-performansi-prefinet-izgled-i-idealen-za-rabota-od-teren-29.jpg

Би можело да ве интересира:

„Се вљубив во часовникот Huawei Watch Fit 2 - тој ми е и персонален тренер и најтренди моден додаток... Обезбедете си го HUAWEI WATCH FIT 2 и новата етапа во вашиот живот може да започ...
„HUAWEI P50 Pro - новиот омилен телефон на зависниците од сликање, за кои фактор плус е дизајнот“ Не е лесно да се биде на одговорна функција, а притоа семејството да не биде зап...
„Мојот избор за прв паметен часовник е HUAWEI WATCH GT 3 Pro - стилска класика што го доведува во ре... Досега сум немала паметен часовник, но со динамичното темпо на живот, работните,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg