„HUAWEI P50 Pro - новиот омилен телефон на зависниците од сликање, за кои фактор плус е дизајнот“

Не е лесно да се биде на одговорна функција, а притоа семејството да не биде запоставено, а новиот телефон HUAWEI P50 Pro ми е најдобриот помошник притоа. Брз и ефикасен, ми штеди време! Плус, едноставно сјае кога го држам во раце со Dual-Matrix дизајнот на камерата. Кога ефикасноста е придружена со тон внимание и на најситните детали од изгледот, тогаш имате гаџет совршен за секој урбан лик. Гаџет на кој сте горди и гаџет со кој сакате да се пофалите пред пријателите и, нормално пред сè, гаџет кој ви го олеснува животот.

huawei-p50-pro-noviot-omilen-telefon-na-zavisnicite-od-slikanje-za-koi-faktor-plus-e-dizajnot-05.jpg

Работам на значајна функција и секогаш денот ми има премалку часови. Да изменаџирам со времето и бројот на обврски на моменти ми е толку тешко што мислам дека ми е потребно магично стапче.

Згора на сè притисокот од дома дека не сум доволно присутен дополнително ме товари со чувство на вина.

Постојано сум во трка и мислам дека вложувам натчовечки напори за да одговорам на сè. Но, покрај на својата посветеност и непопустлив карактер, морам благодарам да му кажам и на новиот телефон HUAWEI P50 Pro. Гаџет од кој станав зависен за миг. Брз, ефикасен со стилски дизајн и врвна камера, тој е сè што некогаш си посакував на поле телефони.

huawei-p50-pro-noviot-omilen-telefon-na-zavisnicite-od-slikanje-za-koi-faktor-plus-e-dizajnot-17.jpg

Едноставно сјае кога го држам во раце, а Dual-Matrix дизајнот на камерата го прави дополнително впечатлив. Кога ефикасноста е придружена со тон внимание и на најситните детали од изгледот, тогаш имате гаџет совршен за секој урбан лик. Гаџет на кој сте горди и гаџет со кој сакате да пофалите пред пријатели.

Едноставно, некако посилно е од вас. Па, станува збор за врвот на поле технологија во моментот.

huawei-p50-pro-noviot-omilen-telefon-na-zavisnicite-od-slikanje-za-koi-faktor-plus-e-dizajnot-14.jpg

Со поставување на големиот екран и батерија во компактно куќиште, HUAWEI P50 Pro е полесен од претходната генерација.

Екранот од 6.6 инчи⁠ е индивидуално програмиран да ви го покаже вистинскиот свет. Поддржува стапка на освежување на екранот од 120 Hz⁠ и 300 Hz стапка на земање примероци⁠ и овозможува прекрасно визуелно искуство.

huawei-p50-pro-noviot-omilen-telefon-na-zavisnicite-od-slikanje-za-koi-faktor-plus-e-dizajnot-04.jpg

Екранот поддржува широк опсег на бои P3 и 10.7 милијарди бои што докажува дека сме сведоци на конзистентни бои од нашиот поглед до екранот.

И мора да ја споменам камерата. Мојата партнерка е зависник од добри фотки, па постојано морам да ја имам улогата на фотограф (добро и модел понекогаш признавам).

huawei-p50-pro-noviot-omilen-telefon-na-zavisnicite-od-slikanje-za-koi-faktor-plus-e-dizajnot-19.jpg

Матрицата на главната камера на HUAWEI P50 Pro ви прикажува свет на вистинска боја, а матрицата на телефото камерата може да снима слики со прекрасна јасност, од блиску или далеку, широк или кадар од близина.

Кога сме кај камерата, XD Optics го поттикнува фотографирањето со паметни телефони да има подобра јасност, додека HUAWEI XD Fusion Pro image engine помага да се јасни сите детали на сликата.

huawei-p50-pro-noviot-omilen-telefon-na-zavisnicite-od-slikanje-za-koi-faktor-plus-e-dizajnot-12.jpg

Јасноста е приоритет кога станува збор за фотографирањето, зарем не? Новиот XD Optics и HUAWEI XD Fusion Pro image engine значат дека може да се употреби повеќе светлина, додека се фотографираат шеми и текстури подетално. Без оглед на ситуацијата, можете да добиете супер-чисти снимки со неверојатна јасност.

Телефото камерата⁠ со перископ од 64 MP⁠ ги приближува далечните работи, додека HUAWEI XD Optics значително го подобрува квалитетот на сликата. Со максимален зум од 0,5x до 100x, секогаш можете да добиете јасна и стабилна слика.

huawei-p50-pro-noviot-omilen-telefon-na-zavisnicite-od-slikanje-za-koi-faktor-plus-e-dizajnot-01.jpgМоќната опција за зумирање

huawei-p50-pro-noviot-omilen-telefon-na-zavisnicite-od-slikanje-za-koi-faktor-plus-e-dizajnot-06.jpgМоќната опција за зумирање

Нема повеќе заматување, а и тресењето на рацете никогаш повеќе нема да им влијае на вашите фотографии и видеа. Функцијата True-Focus Fast Capture ви помага лесно да ги снимите сите активности.

Кога ќе размислам за сето ова, мора да признаам, не можам да ја обвинам партнерката што се навлече на „фоткање“ со HUAWEI P50 Pro, без разлика за каков настан станува збор.

huawei-p50-pro-noviot-omilen-telefon-na-zavisnicite-od-slikanje-za-koi-faktor-plus-e-dizajnot-09.jpg

И нормално, во време кога толку голем дел од денот минувам гледајќи во екранот на мојот телефон, клучна е грижата за моите очи.

Контролата за затемнување PWM со висока стапка од 1440 Hz⁠10 на овој модел го намалува напрегањето на очите. Дури и при слаба осветленост, сè уште можам да уживам во удобно и висококвалитетно гледање.

huawei-p50-pro-noviot-omilen-telefon-na-zavisnicite-od-slikanje-za-koi-faktor-plus-e-dizajnot-08.jpg

Ако сте на моменти несмасни како мене, има среќна вест за вас. Дури и да го наводените уредот не е проблем, поради IP68⁠3 сертификатот за отпорност на прскање, вода и прашина.

Да се вратиме уште малку на камерата, која има способност за 4K видео со целиот опсег ви овозможува да снимате интересни случувања околу вас, со висок квалитет.

huawei-p50-pro-noviot-omilen-telefon-na-zavisnicite-od-slikanje-za-koi-faktor-plus-e-dizajnot-16.jpg

Благодарение на предната камера со широк агол од 100° и автоматски фокус, AIS против тресење, видео со двоен поглед на предниот и задниот дел, можете да ги споделувате прекрасните мигови со пријателите додека сте во движење.

Тука е и функцијата AI отстранувач, која нуди можност да ги отстраните несаканите објекти кои се појавуваат.

Плус, True-Chroma Image Engine се одликува со надграден систем за чувствителност на амбиентална светлина и P3 широко прилагодување на опсегот на бои што покрива над 2.000 бои, за да го прикаже светот во неговата вистинска боја.

huawei-p50-pro-noviot-omilen-telefon-na-zavisnicite-od-slikanje-za-koi-faktor-plus-e-dizajnot-13.jpgСликано со HUAWEI P50 Pro

huawei-p50-pro-noviot-omilen-telefon-na-zavisnicite-od-slikanje-za-koi-faktor-plus-e-dizajnot-07.jpgСликано со HUAWEI P50 Pro

И во динамичното темпо кое го водам секојдневно, балансирајќи со обврските на работа и дома, клучно ми е да имам издувен вентил, односно функционален начин за релаксација, а за мене тоа е музиката.

Моќниот сеопфатен звук од двојните стерео звучници е уште една работа која ме освои кај овој телефон. HUAWEI Histen приспособува звучни ефекти за различни сценарија, така што секогаш се чувствувате како да сте дел од сцената, без разлика дали слушате музика, играте игри или гледате видеа.

huawei-p50-pro-noviot-omilen-telefon-na-zavisnicite-od-slikanje-za-koi-faktor-plus-e-dizajnot-11.jpg

Ми се допаѓа и што големата батерија од 4360 mAh⁠4 ми овозможува да немам грижи при долгите разговори со соработниците, дека ќе останам без батерија и ќе бидам недостапен, па ќе ми биде блокиран работниот процес. Плус, партнерката често ми го „позајмува“ мојот телефон, па имам батерија и по нејзините долгометражни фотосесии на разни настани.

huawei-p50-pro-noviot-omilen-telefon-na-zavisnicite-od-slikanje-za-koi-faktor-plus-e-dizajnot-02.jpg

Интересен ми е и новиот начин за интеракција со апликациите на мојот телефон. Ги ставам омилените апликации во Smart Folder и отворам која било од нив со директно кликнување на иконата. Лесно и брзо.

HUAWEI P50 Pro – едноставно телефон кој штом го земете во раце, станувате свесни колку ви бил неопходен.

huawei-p50-pro-noviot-omilen-telefon-na-zavisnicite-od-slikanje-za-koi-faktor-plus-e-dizajnot-10.jpgГи лови и најситните детали

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се вљубив во часовникот Huawei Watch Fit 2 - тој ми е и персонален тренер и најтренди моден додаток... Обезбедете си го HUAWEI WATCH FIT 2 и новата етапа во вашиот живот може да започ...
„Го тестиравме HUAWEI MateBook 14s - одлични перформанси, префинет изглед и идеален за работа од тер... Новинарството не е работа која завршува во 16 часот, па така HUAWEI MateBook 14s...
Екран на допир, компјутер - 8 секојдневни предмети кои се многу постари отколку што мислевте Првиот мобилен телефон е направен во 1973 година, а истиот период почнале да се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg