Крај за Google+ ?

kraj-za-google-plus-povekjeКако што почнало така може и да заврши. Компанијата Google баш нема среќа. Се обидуваат да создадат социјална мрежа која рамноправно ќе се...


...бори со останатите мрежи, но изгледа баш не им оди, а толку многу се очекуваше од Google +.

Социјалната мрежа која имаше огромен раст на корисници, доживеа голем удар, изгуби околу 60% од своите активни корисници.

Во почетокот на Google+ можевте да пристапите само со покана. Кога официјално се отвори за сите корисници кон крајот на септември доживеа огромен раст, но набргу се виде дека корисниците доаѓаат само да фрлат поглед како изгледа новата мрежа и не се задржуваат, туку ги занемаруваат своите профили.

Еден од инженерите на Google, Стив Јег вели дека луѓето кои што го создавале Google+ не размислувале за иднината и погрешно претпоставувале дека Facebook е успешен затоа што е добар производ.

- Тие не се успешни поради тоа, туку затоа што создале социјална мрежа која им дозволува на корисниците самите да креираат начин на употреба кој најмногу им одговара. Така што некој ќе дојде да игра Farmville, а некој само за да разговара со другите луѓе – истакнал Стив.

Оваа негова преписка објавена е пред сè како интерен разговор со колегите, но на крајот стигнала и до јавноста.

kraj-za-google-plus

Би можело да ве интересира:

6 одлични бесплатни апликации за уредување фотки на Инстаграм Ако апликацијата за уредување на фотографиите не ви дава доволно добри можн...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...
Постојат 5 вида „зависници“ од мобилни телефони (и интернет) – На која група ѝ припаѓате вие? Дали се чувствувате изгубено ако во моментот паметниот телефон не ви е при рака ...
Знаци дека телефонот можеби ви е хакиран (или некој се обидува да го хакира) Телефонот се загрева без причина и имате проблеми со перформансот, дури и ако им...
На што треба да внимавате кога купувате онлајн (за да не бидете измамени)? Иако купувањето од вашиот дом е најпрактично, сепак со себе носи и голем број на...
5 апликации со кои можете да го контролирате времето пред екран на вашето дете Една од подобрите апликации е Qustodio, која ви овозможува да поставите дневни о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg