Во каква ситуација (и како) лаже секој од хороскопските знаци?

vo-kakva-situacija-i-kako-lazhe-sekoj-od-horoskopskite-znaci-02.jpg

Вага

Вагите секогаш се во потрага по баланс и најчесто ја зборуваат вистината. Директни се и искрени, па понекогаш ви се чини дека воопшто немаат филтер и не размислуваат пред да го кажат своето мислење.

Сепак кога ќе се најдат во ситуација во која треба да излажат затоа што се свесни дека нивното мислење може да ги повреди туѓите чувства, тогаш молчат.

Според нив, тоа што некој не го знае не може ниту да го повреди.

Скорпија

Скорпиите се познати по тоа што постојано сакаат да доминираат и да се чувствуваат дека нештата ги држат под контрола, а најчесто лажат поради две причини: за да избегнат некој проблем или за да постигнат некоја цел.

Тие се мошне приспособливи и лесно се адаптираат на ситуациите и луѓето, а начинот на кој што ќе излажат го избираат откако детално го набљудувале и го проучиле соговорникот.

Стрелец

Познати се по тоа што ја сакаат слободата и немаат филтер во изразувањето, а кога станува збор за раскажувањето измислени приказни, тие се меѓу најдобрите во Зодијакот.

Кога лажат, Стрелците сакаат малку да ги „филуваат“ и да ги преувеличуваат работите, затоа што сакаат приказната да биде поинтересна и повпечатлива за соговорникот.

Ако Стрелецот ви каже дека видел како некои познаници страсно водат љубов, можеби вистината е дека видел само двајца луѓе како се бакнале на улица.

Јарец

За Јарецот лагите се оправдани во оној миг кога со нив може да постигне нешто подобро.

Одговорни и секогаш ориентирани кон сопствените постигнувања, Јарците не бираат начин како ќе ги остварат замислените цели, а ако сметаат дека лагите се најдобро решение во моментот, секако дека ќе се послужат во нив.

Од Јарецот можете да очекувате одговорно да викне такси за сите што сте биле заедно вечерта и додека вие ја барате личноста што ви се допаѓа, тој во очи да ве гледа и да ви каже дека сега ја видел како си оди дома.

Најверојатно не видел никого, само ве лаже за полесно да ве стави во автомобил и безбедно да си одите дома.

Водолија

Интелигентни и уникатни, Водолиите имаат посебен начин кога треба да се справат со ситуациите во кои треба да се послужат со лаги затоа што вистината не им се допаѓа.

Ќе се послужат со фразата дека: „не можат да дадат објективно мислење“ или пак: „дека воопшто немаат мислење за некои работи“, а всушност имаат што да кажат.

На овој начин Водолиите успеваат да избегнат да кажуваат лаги, но и да не се доведат во конфликтни ситуации затоа што се свесни дека нивното искрено мислење нема да му се допадне на соговорникот.

Риби

Кога Рибите ќе почнат да лажат, тие создаваат целосно нов свет. Го зборуваат она што сакаат да го кажат, па дури и сами почнуваат да веруваат дека тоа е вистина.

Ова е така, затоа што Рибите имаат мошне бујна фантазија и имагинација, а секогаш се во потрага по „онаа вистина“ што ним најмногу им се допаѓа.

Притоа, често, за многу брзо на другите им станува јасно дека Рибите не можат да излажат никого, туку се залажуваат само себе.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

7 месеци во кои се родени луѓето што не знаат да излажат (дури и ако пробаат) Родените во април се искрени до крајност. Отворено го кажуваат она што сите го м...
Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
Какво детство сте имале, според хороскопскиот знак на вашата мајка? Ако вашата мајка е родена во знакот на Стрелец, тогаш вашето детство била една д...
Една уникатна особина која ви е како тајно оружје, според месецот на раѓање Март – благодарение на вашата изразена интуиција, некогаш делувате како видовита...
6 најомразени хороскопски знаци и зошто другите не ги сакаат (дали сте и вие меѓу нив)? Девицата знае да осудува, Вагата ја крие својата темна страна... Што ги пра...
Љубовен хороскоп за јуни 2026: Раковите може да ги очекува развод, Вагите „паѓаат“ на личности кои б... Голем дел од знаците може да имаат здодевна врска, исполнета со монотонија, но и...

Најчитани неделава