Кои хороскопски знаци се пријатели со бившите, а кои не можат да ги смислат?

Додека Раковите успеваат да го задржат пријателскиот однос со сите бивши партнери, Јарците ги блокираат на сите социјални мрежи и не сакаат ни да помислат на нив.

koi-horoskopski-znaci-se-prijateli-so-bivshite-a-koi-ne-mozhat-da-gi-smislat-01.jpg

По раскинување, сите луѓе се однесуваат различно кон поранешните партнери. На некои не им пречи да останат во добар однос, па дури и да се дружат, но некои не сакаат да имаат ништо со нив.

Во каков однос се хороскопските знаци со нивните бивши?

Овен

Вие не сте добри пријатели со бившите партнери, но истовремено не ги гледате како непријатели.

Ако се сретнете на улица, нема да ги одминете.

Генерално, дури и ако ви згрешиле кога сте биле заедно, не им се лутите и го оставате минатото зад вас.

Бик

Иако сте свесни дека бившите партнери не биле вистинските личности за вас, сепак им посакувате сè најдобро.

Се надевате дека им оди добро во животот и дека успеале да си ги исполнат соништата.

Останувате во добар однос со нив и искрено се радувате кога ќе ви кажат дека се среќни.

Близнаци

Некогаш не сакате да имате никаков контакт со бившите партнери. Но, некогаш не ви е проблем да поминете една ноќ заедно.

Неретко, пак, оваа ноќ се претвора и во втора шанса за врската.

За вас врските никогаш не завршуваат бидејќи секогаш постои можност да им дадете уште една шанса.

Рак

Вие секогаш сте расположени да им помагате на бившите партнери ако го побараат тоа од вас.

Пробувате да останете во добар однос со нив и им давате до знаење дека можат да се потпрат на вас, дури и многу години откако завршила вашата романса.

Лав

По секое раскинување, вие сметате дека ви е подобро без бившиот партнер и пробувате да му го покажете тоа.

Сакате да се фалите со вашиот многу подобар живот откако сте сингл.

Генерално, не сте во најдобар однос, а целта ви е бившите да зажалат што ве оставиле или повредиле.

Девица

Дури и кога не се надевате дека ќе се смирите со бившиот партнер, вие се грижите за него.

Одвреме-навреме му се јавувате или му пишувате порака само за да го прашате како е.

Зад ова нема никаква скриена намера – едноставно, сакате да бидете сигурни дека бившите се среќни.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Најголемата грешка што ја правите во љубовта, според месецот на раѓање Оние кои се родени во декември, секогаш бараат проблеми, додека родените во јану...
Зошто не најдовте љубов во 2025-та, според месецот на раѓање? Вашата тврдоглавост, вашите преголеми амбиции или стравот дека ќе бидете повреде...
Една ваша особина што најмногу ги плаши другите, според месецот на раѓање Ако сте родени во април, вие сте избувлива личност и другите не сакаат да бидат ...
Една уникатна особина која ви е како тајно оружје, според месецот на раѓање Март – благодарение на вашата изразена интуиција, некогаш делувате како видовита...
Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...

Најчитани неделава