Кои хороскопски знаци се пријатели со бившите, а кои не можат да ги смислат?

koi-horoskopski-znaci-se-prijateli-so-bivshite-a-koi-ne-mozhat-da-gi-smislat-02.jpg

Вага

Ако бившиот партнер многу ве повредил, тогаш целосно го отстранувате од вашиот живот.

Но, во повеќето случаи останувате навистина добри пријатели со поранешните партнери.

Всушност, дури и заборавате дека некогаш сте биле пар.

Скорпија

Вие настојувате да се споредувате со партнерите на бившите.

Иако на сите им изгледа како да сте во добар однос, потајно сакате да бидете „победникот“ по раскинувањето и да му покажете на бившиот дека сте посреќни од него.

Но, обично ова е едностран натпревар и само ви го расипува расположението, особено ако бившиот е во врска со личност која сметате дека е подобра од вас.

Стрелец

Обично не останувате во контакт со бившите партнери, но не сте ни непријатели.

Проблемот настанува кога бившиот ќе си најде нов партнер кој почнува да ве гледа како закана.

Вие сте многу забавна личност, па одвреме-навреме добивате љубоморни пораки од партнерите на бившите.

Јарец

Вие немате ниту еден бивш на социјалните мрежи бидејќи сите ви се блокирани.

Никогаш не планирате да стапите во контакт со нив и целосно се избришани од вашиот живот.

Водолија

Вие останувате во толку добар однос со бившите, што некогаш се спријателувате и со нивните нови партнери.

Минатото го оставате зад вас и сте секогаш пријателски настроени.

Риби

Вие сакате да бидете во добар однос со бившите, но проблемот е што некогаш почнувате да се двоумите за раскинувањето.

Дури и неколку години подоцна, може да почнете да размислувате за некој поранешен партнер па да го контактирате со надеж дека ќе ви се врати.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Најголемата грешка што ја правите во љубовта, според месецот на раѓање Оние кои се родени во декември, секогаш бараат проблеми, додека родените во јану...
Зошто не најдовте љубов во 2025-та, според месецот на раѓање? Вашата тврдоглавост, вашите преголеми амбиции или стравот дека ќе бидете повреде...
Една ваша особина што најмногу ги плаши другите, според месецот на раѓање Ако сте родени во април, вие сте избувлива личност и другите не сакаат да бидат ...
Една уникатна особина која ви е како тајно оружје, според месецот на раѓање Март – благодарение на вашата изразена интуиција, некогаш делувате како видовита...
Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...

Најчитани неделава