Зошто немате (вистински) пријатели, според хороскопскиот знак?

Додека Водолиите ги одбиваат сите покани за излегување, на Близнаците им е тешко да го одржат контактот со луѓето коишто ги запознаваат. Зошто ви изгледа како да немате пријатели, според вашиот хороскопски знак?

zoshto-nemate-vistinski-prijateli-spored-horoskopskiot-znak-01.jpg

Со годините, стекнувањето нови пријатели станува потешко. Истовремено, се чини дека скоро никогаш немаме време ни за пријателите кои ги знаеме со години.

Зошто вие немате (вистински) пријатели, според вашиот хороскопски знак?

Овен

На другите им е тешко да го следат вашето темпо, бидејќи вие не сакате да излегувате по ресторани и слични места.

За вас, забава значи качување по карпи, одење на концерти, играње одбојка на плажа…

Но, не секој го има вашиот авантуристички дух и не секој е спонтан како вас.

Сепак, не плашете се да го правите она што го сакате сами. На вашите авантури секогаш можете да сретнете луѓе слични како вас со кои ќе делите многу интереси.

Бик

Вие немате пријатели бидејќи сте премногу тврдоглави кога станува збор за запознавање нови луѓе.

Сакате да се дружите само пријателите од средно (или факултет) и не дозволувате никој друг да влезе во вашиот живот.

Но, мора да сфатите дека луѓето созреваат и се менуваат, па оние кои ви биле најдобри пријатели во младоста, не значи дека и денес ќе бидат компатибилни со вас.

Мора да бидете поотворени и да почнете да излегувате со други луѓе – одете со колегите на пијачка, поразговарајте со некој сосед…

Близнаци

Вашиот најголем проблем е одржувањето контакт со некого.

Вам ви е тешко да вратите на нечија порака, а неретко откажувате планови во последен момент.

Па, другите не се сигурни дали воопшто сакате да им бидете пријатели и, со текот на времето, се оддалечуваат од вас.

Не заборавајте дека за едно пријателство да трае, треба да се потрудат и двете страни.

Враќајте на пораките и повиците, вие направете план за излегување и наскоро во вашиот живот ќе има многу пријатели.

Рак

Вам ви се чини дека немате пријатели бидејќи премногу се грижите за сè останато во животот – партнерот, кариерата, домашните обврски…

Како воопшто да не наоѓате време за дружба и забава.

Ако сакате да го промените ова, мора да научите да се релаксирате. Разберете дека и вие заслужувате пијачка во петок навечер и опуштено излегување со пријатели.

Лав

Вашиот најголем проблем се социјалните мрежи.

Постојано ги гледате објавите на луѓето кои ви се блиски и секогаш си мислите дека им е многу поубаво без вас.

Некогаш дури сте и гневни ако некој излегол без вас.

Сето ова ви создава конфликти со луѓето кои ви се блиски.

Само затоа што некој некогаш излегол без вас, не значи дека ве заборавил или дека повеќе не сака да се дружите.

Девица

Некогаш премногу ги критикувате другите, дури и за најмалите грешки.

Ако некој заборави да ви се јави или ви откаже план, се однесувате како да е крај на светот и почнувате да се расправате.

Нормално, повеќето не го толерираат ова однесување.

Морате да научите да им простувате на луѓето ако сакате да останат во вашиот живот. Не заборавајте дека ни вие не сте совршени и сигурно правите грешки.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Што треба да знае секој хороскопски знак пред да стапи во брак? Девици - наместо да мислите дека знаете што е најдобро за партнерот, секојд...
4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
Една уникатна особина која ви е како тајно оружје, според месецот на раѓање Март – благодарение на вашата изразена интуиција, некогаш делувате како видовита...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...

Најчитани неделава