Кој ќе остане младолик, а кој ќе остари пребрзо, според хороскопот?

koj-kje-ostane-mladolik-a-koj-kje-ostari-prebrzo-spored-horoskopot-02.jpg

Вага

Вагите воопшто не размислуваат за стареењето, а брчките не ги плашат.

Тие не се заморуваат со физичкиот изглед сè додека се среќни и духовно исполнети.

Имаат позитивен став за многу работи во животот, поради што делуваат младешки и безгрижно.

Скорпија

Скорпиите изгледаат како да се напиле еликсир од фонтаната на младоста и затоа делуваат многу помладо од реалната возраст.

Насмеани и позитивни, тие оддаваат впечаток на луѓе за кои времето како да застанало во еден момент.

Стрелец

Самата помисла дека ќе остарите ви создава непријатно чувство, па вие ќе направите сè за да го спречите овој процес.

Како одминуваат годините, така сфаќате дека безгрижните времиња се зад вас, а дека вие имате обврски од кои не можете да побегнете, па тоа уште повеќе ве растажува и депримира.

Јарец

Вие сакате да ја покажете вашата зрелост и не ви пречат ни брчките околу очите, ни првите седи влакна на косата.

Уште како деца сакавте да сте окружени со повозрасни личности, бидејќи тоа ви дава чувство на сигурност. За вас, зрелиот изглед е конечно исполнување на дел од детските фантазии.

Водолија

Не ви се допаѓаат брчките што ги гледате во огледало, па уште во првиот момент кога ќе забележите дека стареете, почнувате да барате начин да го запрете овој природен процес.

Сепак, Водолиите се подложни на стрес, дебелеење и затоа често делуваат повозрасно отколку што се навистина.

Риби

Рибите секогаш ќе имаат младешки дух, без оглед на возраста или нивниот физички изглед.

Токму затоа многумина никогаш нема да може да погодат колку години имате, бидејќи ликот и духот најчесто ви се „две спротивставени приказни“.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
Како датумот на кој сте родени влијае на вашето здравје (и какви предиспозиции за болести имате)? Родени на: 2, 11, 20, 29 и владејачка планета: Месечина. Лицата под влијание на ...
4 хороскопски знаци за кои втората половина од 2026-та ќе биде многу подобра Ракови, 2026-та е година на успеси за вас. Можеби уште не гледате резултати од ц...
Една особина што ве прави неодоливи, според месецот во кој сте родени Храбри луѓе родени во април, вашата смелост е особина што веднаш привлекува. Вие...
Како љубите, според хороскопот? Дали љубите длабоко и сакате да ги чувате вашите сакани? Дали ви е важно емоцион...
Која летна дестинација во Грција треба да ја посетите летово, според хороскопот? Биковите сакаат мирни и бистри сини води, спој од мир, но и забава, па островите...

Најчитани неделава