Каква поврзаност имаат фазите на Месечината со стапувањето во брак (и кога не треба да правите свадба)?

Кај нас, според некои традиции постојат уверувања дека терминот за свадба треба да се одреди и според фазите на Месечината, а истото го потврдуваат и астролозите. Можеби не сте од оние што веруваат во хороскоп, но убаво би било да знаете каква поврзаност има фазата на Месечината со вашиот брак.

kakva-povrzanost-imaat-fazite-na-mesechinata-so-stapuvanjeto-vo-brak-i-vo-koja-faza-ne-treba-da-pravite-svadba-01.jpg

Во кои денови од годината е добро, а во кои не се препорачува да правите свадба?

Како да изберете датум според хороскопскиот знак?

Ива Нaскова е астролог кој соработува со Nebula, светски позната веб страна за хороскоп и астролошки предвидувања, а во текст за NewYork Post појаснува каква поврзаност имаат фазите на Месечината со денот кога стапувате во брак.

Според неа, најдобро е да се избере датум за свадба во периодот на владеењето на хороскопскиот знак на некој од партнерите.

„Огнените знаци, Овен, Лав и Стрелец се познати по нивната темпераментна и страстна природа. Заради нивната огнена природа, летните месеци се идеални за да изберат датум за свадба“ – вели таа.

kakva-povrzanost-imaat-fazite-na-mesechinata-so-stapuvanjeto-vo-brak-i-vo-koja-faza-ne-treba-da-pravite-svadba-03.jpg

Близнаците, Вагите и Водолиите треба да закажат свадба според месеците кога влијанието на нивниот знак е најсилно, па така најдобро би било датумот да го закажат во јуни (за Близнаци), септември (за Ваги) и јануари (за Водолии).

За поголема хармонија во бракот, најдобро е да се изберат месеците во кои владеат знаците Бик, Девица или Јарец, а оние што се родени во воден знак како Рак, Скорпија и Риби, најдобро е да изберат датум во периодот на летото или во зима.

kakva-povrzanost-imaat-fazite-na-mesechinata-so-stapuvanjeto-vo-brak-i-vo-koja-faza-ne-treba-da-pravite-svadba-05.jpg

Фазите на Месечината и стапувањето во брак

„Фазата на Месечината на денот на вашата свадба ја симболизира душата на вашиот брак – каков дом ќе изградите заедно, темпото и ритамот на вашето секојдневие, на животот во домот.

Што ќе биде она што ќе ве исполнува како двојка и ќе влијае врз вашата врска?“ – вели астрологот Ејприл Елиот.

Полната Месечина е точка на кулминација, па тоа значи дека во вашиот брак ќе преовладуваат силни емоции, а тоа може да значи дека проблемите ќе ги решавате бурно и темпераментно.

Ова е добар период да стапите во брак, ако до себе имате темпераментен партнер кому му одговара таков начин на живот.

Новата Месечина го означува почетокот на новиот циклус и е одличен период за свадба, ако сакате вашиот брак да означува нов почеток, нов живот и да има чист потенцијал за напредување.

kakva-povrzanost-imaat-fazite-na-mesechinata-so-stapuvanjeto-vo-brak-i-vo-koja-faza-ne-treba-da-pravite-svadba-04.jpg

Кој е најлош период за стапување во брак?

Најлош период за стапување во брак е периодот кога Месечината е на заоѓање или кога е на премин од еден во друг знак.

Месечината го менува знакот на секое 2,5 дена, па така во период од 28 дена ги поминува сите хороскопски знаци. Така на секои 3 дена има по неколку часа кога Месечината е во премин.

„Ова не е погоден термин за да носите долгорочни одлуки. Не треба да потпишувате какви било договори, да носите долгорочни одлуки (освен ако целта не ви е да ги оставрите) или да купувате нешто скапо што треба да ви трае“ – велат астролозите.

Исто така, добро би било да го избегнувате свадбата да ви биде периодот кога Меркур е ретрограден. Тоа нема да влијае врз брачната среќа, но може да се соочите со логистички кошмар.

kakva-povrzanost-imaat-fazite-na-mesechinata-so-stapuvanjeto-vo-brak-i-vo-koja-faza-ne-treba-da-pravite-svadba-06.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
5 хороскопски знаци кои во 2026-та ќе го најдат својот вистински пат Скорпии, во новата година ќе ви стане јасно што е она што ве кочи во животот. Мо...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
На што да се фокусирате до крајот на 2025-та, според хороскопскиот знак? Скорпии, главниот фокус до крајот на годината треба да ви биде вашата флексибилн...

Најчитани неделава