Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се (не)верни

horoskopskite-znaci-rangirani-spored-toa-kolku-se-ne-verni-02.jpg

Лав

Лавовите се романтичари со огромно срце.

Лојални се и кога се со личност што вистински ја сакаат, реткост е да изневерат.

Но, едно нешто што Лавовите може да го сакаат повеќе од партнерот е вниманието.

Тие не можат да одолеат кога некој им ласка, а ова ги прави склони кон неверство.

Вага

Вагите сакаат да се во врска, но обично им е тешко да му се посветат на еден партнер.

Често си го менуваат мислењето, па еден ден може да се „вљубени до уши“, а наредниот да копнеат по слобода или, пак, друг партнер.

Иако знаат да бидат грижливи партнери, треба да се потполно сигурни дека сакаат да го поминат животот со таа личност за да се воздржат од неверство.

Стрелец

На Стрелците најголем приоритет им е нивната слобода, па реткост е да бидат во сериозна врска.

Најсреќни се кога се сингл и кога сите можности им се отворени.

Ако, пак, се вљубат, може да им биде тешко да се откажат од старите навики и голема е веројатноста дека ќе го изневерат партнерот.

Риби

Рибите се романтичари и ретко кој може да им одолее.

А, и самите сонуваат за љубов како од бајките, па може да почнат врска без добро да го запознаат партнерот.

Но, штом ќе им се скрши илузијата за совршениот партнер, можно е да го изневерат, особено ако се повредени.

Овен

Овните се страсни, импулсивни и невнимателни, а ова е најдобриот „рецепт“ за неверство.

Кога се во сериозна врска со партнер што го сакаат, имаат очи само за него.

Но, штом ќе почувствуваат дека љубовта бледнее, не се двоумат премногу за тоа дали да го изневерат партнерот.

Близнаци

Близнаците се комплицирани личности и тешко дека еден партнер ќе може да ги задоволи сите нивни физички и емоционални потреби.

Тие имаат и променливо расположение, што не им е од помош кога станува збор за врски.

Сакаат предизвици и сметат дека во неверството нема ништо лошо, а бидејќи се вешти измамници, партнерот тешко дека ќе дознае дека биле неверни.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
Љубовен хороскоп за јуни 2026: Раковите може да ги очекува развод, Вагите „паѓаат“ на личности кои б... Голем дел од знаците може да имаат здодевна врска, исполнета со монотонија, но и...
Една работа што хороскопските знаци никогаш не ја простуваат во љубовта Иако Близнаците уживаат во дебати и разговори, мразат кога некој ги провоцира, с...
Три хороскопски знаци на кои ќе им се случи љубовен пресврт до крајот на јули 2026 Ова е период во кој многу парови ќе разговараат за својата заедничка иднина, ќе ...
Љубовен хороскоп за јули 2026: Близнаците во врска со јавна личност, Рибите размислуваат за раскинув... Поголем дел од знаците кои се во врска ќе се соочат со тензија во односот со пар...
Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...

Најчитани неделава