Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се (не)верни

Кога се вљубени, Девиците имаат очи само за нивниот партнер, додека Близнаците се уверени дека во неверството нема ништо лошо.

horoskopskite-znaci-rangirani-spored-toa-kolku-se-ne-verni-01.jpg

Секој хороскопски знак може да биде верен или неверен и астрологијата обично не треба да биде пресудна.

Тоа што некои знаци се посклони кон неверство, не значи дека партнерот со овој знак дефинитивно ќе ве изневери.

Но, сигурно ве интересира кои знаци се посклони на неверство.

Погледнете како се рангирани хороскопските знаци според тоа кој е најсклон кон неверство, почнувајќи од најверниот:

Девица

Девиците се премногу пребирливи за сè – од храната што ја јадат, до романтичните партнери.

Треба вистински да се потрудите за да заведете Девица, па штом ќе се вљуби, тешко дека ќе има очи за некој друг.

Девиците не сакаат да ризикуваат да го изгубат партнерот што го сакаат со нешто како неверство.

Јарец

Јарците обично се затворени, па флертувањето може да им биде тешко.

Штом ќе се вљубат, подготвени се да го поминат животот со таа личност, целосно ѝ се посветени и нема ни да помислат на неверство.

Но, кај Јарците постои друг проблем – ако сепак изневерат (што е реткост), тие можат да си најдат оправдување за својата постапка и нема да чувствуваат вина.

Водолија

Една од главните причини зошто Водолиите не изневеруваат е тоа што ретко се во сериозна врска.

Тие ја ценат својата слобода и потребна е навистина посебна личност за да ги натера да „се врзат“.

Поверојатно е да му раскинат на партнерот ако помислат на друг, наместо да го повредат со неверство.

Бик

Биковите се владеени од Венера, планетата на љубовта, што значи дека се романтичари и се најсреќни кога се во сериозна врска.

Тие ја сакаат стабилноста што им ја нуди врската, па нема да ризикуваат да ја изгубат поради неверство.

Сепак, доколку некогаш изневерат, тврдоглаво ќе негираат и нема никогаш да признаат.

Рак

Ракот е еден од најгрижливите знаци во зодијакот.

Овие луѓе се сочувствителни и никогаш нема да се осмелат да го повредат партнерот што го сакаат.

Сепак, ако чувствуваат дека партнерот ги запоставува или ги повредува, можно е да побараат утеха кај некој друг.

Скорпија

Романтичните врски се еден од најважните приоритети за Скорпиите.

Тие се подготвени да направат буквално сè за својот партнер, но очекуваат и тој да се труди за нив.

Ако Скорпиите почувствуваат дека партнерот не се труди доволно или дека не ги разбира, без многу двоумење ќе го побараат тоа кај некој друг.

Истовремено, ако партнерот ги повреди, Скорпиите ќе се потрудат да му се одмаздат, неретко со неверство.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
Љубовен хороскоп за јуни 2026: Раковите може да ги очекува развод, Вагите „паѓаат“ на личности кои б... Голем дел од знаците може да имаат здодевна врска, исполнета со монотонија, но и...
Една работа што хороскопските знаци никогаш не ја простуваат во љубовта Иако Близнаците уживаат во дебати и разговори, мразат кога некој ги провоцира, с...
Три хороскопски знаци на кои ќе им се случи љубовен пресврт до крајот на јули 2026 Ова е период во кој многу парови ќе разговараат за својата заедничка иднина, ќе ...
Љубовен хороскоп за јули 2026: Близнаците во врска со јавна личност, Рибите размислуваат за раскинув... Поголем дел од знаците кои се во врска ќе се соочат со тензија во односот со пар...
Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...

Најчитани неделава