Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Од што треба да се ослободите оваа есен, според хороскопскиот знак?

Овни – Немојте да си ја носите работата дома. Ќе сфатите дека пред вас имате големи можности и дека е време да се променат некои работи во вашиот живот.

od-shto-treba-da-se-oslobodite-ovaa-esen-spored-horoskopskiot-znak-01_copy.jpg

Есента официјално започна пред еден месец, а според астролозите тоа е одличен период за да се ослободите од непотребните работи и од непотребната енергија, пред да започне новата сезона која ја носи и новата година.

Од кои работи треба да бегате и да се ослободите оваа есен, ако сакате да го исполните целосно својот потенцијал?

Овен – Од носењето на работата дома

Овните оваа есен можно е да почувствуваат зголемен притисок на работното место, и не ќе можат да земат здив од обврските.

Но, иако е многу веројатно да имате потреба да работите прекувремено и да одговарате на мејлови од својот дом – најдобро е да одолеете на ова искушение.

Ќе сфатите дека пред вас имате големи можности и дека конечно е време да се променат некои работи во вашиот живот.

Единствената желба ќе ви биде да бидете среќни, па можно е да направите крупни промени во кариерата и да изберете работно место што нема да ве истоштува толку многу.

Бик – Од неискрените пријатели

Оваа есен некои пријатели може непријатно да ве изненадат со своето однесување и да ви покажат нешто што воопшто не сте го очекувале од нив.

Ќе сфатите дека некои шеги не се само шеги, туку болни зајадливи коментари и ќе треба да донесете важна одлука дали тие луѓе ви се вистински пријатели или само личности што добро ја кријат омразата кон вас.

Оваа есен ќе треба да им се спротивставите на таквите луѓе и да ги тргнете од себе – еднаш и засекогаш.

Близнаци – Од непотребните обврски

Есенва ќе ви се чини дека целото време го трошите на непотребни работи, а ги занемарувате сопствените потреби и не се грижите за сопственото здравје.

Ако подолго време се занемарувате себеси, сега е вистинско време да размислите што е она што ви треба и да си го дозволите.

Одете на масажа, дајте си време да ја прочитате книгата што долго време ви стои на полица... Дајте си можност да се опуштите.

Исто така, потрудете се да не се задлабочувате само на негативните мисли и на тоа што не сте успале да го реализирате, туку размислувајте за она што сте го постигнале и за кое сте благодарни.

Рак –  Од силните емоции што не ви дозволуваат да функционирате

Можно е веќе подолго време да се соочувате со силни емоции и да не наоѓате ниту начин, ниту време да се погрижите за сопственото ментално здравје.

Оваа есен ви нуди одлична можност да престанете да ги туркате под тепих проблемите на ова поле и да ја побарате помошта што ви е потребна.

Најдете начин како да се справите со силните емоции што ве оптоваруваат и да се ослободите од нив. Не дозволувајте тие да ве кочат и да не ви дозволуваат да одите напред и да ги остварите сопствените цели.

Лав – Од старите лоши навики

Оваа есен ви нуди одлична можност да се ослободите од старите лоши навики, кои подолго време ви пречат кај вас. Време е за позитивни промени и да почнете да водите поздрав и поисполнет живот.

Сепак, добро би било да прифатите дека некогаш не можете сѐ да постигнете сами, па ако ви е потребно, добро би било да побарате помош од стручно лице или од пријател што може да ве насочи и да ви помогне.

Девица – Од стравот да направите големи промени на поле кариера

Оваа есен поголемиот број Девици може да се чувствуваат како само механички да си ја работат работата или да не добиваат доволно признание за тоа што го прават.

Најчесто проблемот е во тоа што стравуваат да направат некои промени од практични причини: „Што ако не најдам подобра работа?“, „Што ако останам без пари?“, „Што ако си направам полошо...?“

Но, вистината е следна. Најверојатно веќе знаете да си ја работите работата со затворени очи и потребен ви е нов предизвик. Зошто да се задоволувате со малку, кога слободно можете да побарате унапредување или покачување, или, пак, да направите целосен пресврт.



Би можело да ве интересира:

Најубавото изненадување што ве чека до крајот на годината, според хороскопскиот знак Риби, ќе ја тргнете најголемата пречка до среќата во вашиот живот. Односно, ќе с...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
Што да правите во зима за да се чувствувате посреќни, според хороскопскиот знак? Бикови, размислете што можете да промените во домот - дали можеби ќе ставите нек...
Кој е вашиот најсреќен ден во 2024 година, според хороскопскиот знак? Оваа година ситуацијата ќе биде подобра во однос на вашиот љубовен живот, особен...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Како да го задржите интересот на партнерот во врската, според хороскопот? Овен – Сакаат да бидат со некој што ќе ги предизвикува, ќе им биде партнер во ав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg