Астецки хороскоп - Карактерот според дата на раѓање


Астецки хороскоп - Карактерот според дата на раѓање

Во зависност од датумот на раѓање проверете во каков месец сте родени – дали е тоа месецот на цвеќето, на полето, на храната или можеби на пердувите.

astecki-horoskop-karakterot-spored-data-na-ragjanje-01.jpg

Во зависност од овие податоци, може да откриете повеќе за вас и вашиот карактер.

МЕСЕЦ НА ВОДАТА (02.02 - 21.02) - ОРИГИНАЛНОСТ, ИНТИУЦИЈА
Поседуваат оригиналност и моќ за големи дела. Интелигентни,со голема интуиција, секогаш на чекор пред другите. Им одговара работа каде што може да се тестира нивната способност. Енергијата ја вложуваат во работата и во приватниот живот,што на двете полиња им носи успех на долги патеки.

МЕСЕЦ НА ПРОЛЕТТА (22.02 - 13.03) - КРЕАТИВНОСТ, ОДЛУЧНОСТ
Оригинални се во работа каде што треба да се употреби фантазијата. Храброста им овозможува да донесуваат вистински одлуки во вистинско време. Реални се и не се плашат од она што ги очекува во животот. Знаат што сакаат и како тоа да го добијат. Од блиските премногу очекуваат.

МЕСЕЦ НА ЦВЕЌЕТО (14.03 - 02.04) - КОМУНИКАТИВНОСТ, ДИНАМИЧНОСТ
Имаат моќ на убедување. Активни се, сакаат да работат, да не се досадуваат. И да бидат од корист. Најмногу ги привлекува да го изучуваат човековиот ум.

МЕСЕЦ НА ПОЛЕТО (03.04 - 22.04) - УМЕТНИЧКИ ТАЛЕНТ
Ги привлекува уметноста и сакаат признанија за својата работа. Одлично ги контролираат емоциите и темпераментот, а тоа ги прави ладнокрвни. Злопамтила кои го чекаат својот миг за одмазда.

МЕСЕЦ НА СУШАТА (23.04 - 12.05) - ПРАКТИЧНИ, ИСКРЕНИ
Искрени,а расположението им се познава по изразот на лицето. Реални се, не сакаат лаги. Оптимисти, реализираат позитивна енергија, без оглед како се чувствуваат. Имаат склоност кон уметност,посебно музика и сликање.

МЕСЕЦ НА ХРАНАТА (13.05 - 01.06) - КРЕАТИВНИ, БРЗО УЧАТ
Многу талентирани, знаат како во животот да ја извлечат предноста на своите добри особини. Полни со креативност и ентузијазам, лидери. Имаат одлично памтење. Умеат да останат присебни во стресни ситуации. На се во животот реагираат искрено и со оптимизам.

МЕСЕЦ НА СОЛТА (02.06 - 21.06) - ТАЛЕНТИРАНИ ЗА ЈАЗИЦИ
Имаат потреба да привлекуваат внимание на секој чекор, па склони се на ѓаволесто однесување. Поради тоа погрешно ги проценуваат. Елегантно се изразуваат, би биле одлични писатели.

МЕСЕЦ НА ПЧЕНКАТА (22.06 - 11.07) - ЉУБОПИТНИ, ПОЗИТИВНИ
Љубопитни,итри да дојдат до било каква информација. Со многу љубовни афери. Позитивната енергија им е непресушна,затоа често од нив се бараат совети.

МЕСЕЦ НА ГРМОТЕВИЦИ (12.07 - 31.07) - ПРИЈАТЕЛИ,  ДОБРОДУШНИ
Весели и позитивни,пријателствата им се најбитни,скоро секогаш имаат некого за тешки времиња. Сакаат да заведуваат, непрестајно флертуваат.

Доколку не се пронајдовте, свртете на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Колку „големи љубови“ во животот ќе има секој хороскопски знак? Хороскопот влијае на тоа како ги бирате партнерите, но и диктира колку големи љу...
Една работа која секој хороскопски знак треба да ја направи пред 30-тата година Секој човек има различна природа и има нешто посебно кон што се стреми во живото...
Лавот има големо его, но и голем страв што мислат другите за него – Помалку познати факти за знаците... Астрологијата носи одредени стереотипи за знаците кои веќе сме ги прочитале мног...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg