Какво детство сте имале, според хороскопскиот знак на вашата мајка?

kakvo-vi-bilo-detstvoto-spored-horoskopskiot-znak-na-vashata-majka-02.jpg

Вага

Ако мајка ви е родена во знакот на Вага, тогаш во вашето детство имало рамнотежа за сè.

Атмосферата во домот секогаш била хармонична и ретко кога сте сведочеле на конфликти.

Покрај тоа, вашата мајка сигурно била забавниот родител и сте уживале во миговите со неа.

Скорпија

Доколу вашата мака е Скорпија, тогаш во детството сте биле навистина заштитени.

Вашата мајка не дозволувала никој и ништо да допре до вас, па сигурно сте се чувствувале и недопирливи.

Иако сигурно имало мигови кога нејзината грижа ви одела на нерви, сега ви е јасно дека ова потекнувало од нејзината љубов кон вас.

Стрелец

Штом сте пораснале со мајка Стрелец, целото ваше детство било една голема авантура.

Вашата мајка ве охрабрувала да не седите дома, туку да излегувате, да истражувате и да ја напуштите комфорната зона секогаш кога ќе ви се укаже можност за тоа.

Мајка ви секогаш зрачела позитива и ве научила дека треба да уживате во животот.

Јарец

Ако мајка ви е родена во знакот на Јарец, тогаш во вашето детство доминирала дисциплината.

Можеби не ви се допаѓало што вашата мајка била построга од родителите на пријателите, но таа го правела ова за да ве заштити.

Притоа, сигурно ве направила амбициозни и ве научила дека треба направите сè во ваша моќ ако сакате успеете.

Водолија

Ако сте пораснале со мајка Водолија, вашето детство сигурно било многу поразлично од она на вашите врсници, но на добар начин.

Вашата мајка имала уникатна визија за животот и посебна перспектива за тоа како треба да ве воспитува.

Ви давала голема слобода и ја ценела вашата индивидуалност, а со ова ви помогнала да станете независна личност која е сигурна во себе.

Риби

Ако вашата мајка е родена во знакот на Риби, тогаш голем дел од детството сте поминале играјќи си со неа, смислувајќи секакви приказни за вашите играчки.

Рибите се многу креативни личности, со бујна имагинација, па на вашата мајка не ѝ недостасувале приказни за раскажување.

Притоа, како емотивна личност, секогаш ви давала простор да ги искажете своите емоции, но и вистински да ги разберете. Покрај неа секогаш сте се чувствувале слушнато и видено.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
Пораката што треба да ја слушнете од вашата помлада верзија, според астрологијата Рак – Можете да се грижите за другите без да ги мешате вашите емоции. Туѓата бол...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...
Три судбински промени за секој хороскопски знак во 2026-та - Што да очекувате следната година? 2026-та нема да биде година на грандиозни планови, туку на повеќе помали, внатре...
Годината на раѓање открива што ве очекува до крајот на 2025-та - Дали ќе бидете среќник или малер? Некој ќе доживее големи промени на подобро, друг го очекува финансиски напредок....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg