Колку е веројатно партнерот да ве изневери, според неговиот месец на раѓање?

Август
Родените во август се меѓу најголемите романтичари и се многу лојални кога се во сериозна врска.
Но, родените во август сакаат и внимание, па може да им биде тешко да одолеат на флерт.
Тие сакаат да ги исполнат очекувањата на сите, па некогаш можат да се впуштат во авантура надвор од врска, несвесни дека го повредуваат партнерот.
Октомври
Родените во октомври уживаат кога се во врска, но се луѓе кои брзо си го менуваат мислењето.
Еден ден може да се лудо вљубени, а следниот да сакаат слобода или нов партнер.
Иако се грижливи, ако чувствуваат притисок, можат да потпаднат на искушението да изневерат.
Декември
На родените во декември слободата им е едно од најважните нешта.
Поради ова, мала е веројатноста дека ќе почнат сериозна врска.
Тие сакаат да се сингл и да имаат опции, а ако најдат личност која им се допаѓа, може да им биде тешко да се откажат од старите навики.
Март
Родените во март се романтични луѓе кои знаат како да го освојат партнерот. Сакаат љубов како на филм, но имаат навика да почнат сериозна врска со партнерот кој не го познаваат добро.
Па, кога ќе им се скрши илузијата за совршениот партнер и ќе сфатат дека не е личноста што ја замислувале, може да бидат во искушение да изневерат.
Април
Родените во април се страсни, импулсивни, но и невнимателни, а ова е совршен рецепт за неверство.
Кога се вљубени имаат очи само за партнерот и подготвени се да му дадат сè.
Но, ако почувствуваат дека привлечноста се намалува и сосема малку, без двоумење ќе најдат некој нов.
Јуни
Родените во јуни се комплексни луѓе и обично еден партнер не им ги задоволува потребите.
Тие се и со променливо расположение – еден ден може да го опсипуваат партнерот со внимание, а следниот да го игнорираат.
Родените во јуни се и мошне добри манипулатори, па можат да скријат цела афера од партнерот.
Спирова С. | Црнобело
