Која летна дестинација во Грција треба да ја посетите летово, според хороскопот?

Вага
За родените во знакот на Вага, најважно е да има места за излегување, забава, шетање и добро друштво. Сакаат места со богати пејзажи со силни бои, романтика и исполнет ден.
За вас се препорачува островот на Афродита – Милос.
Скорпија
Претставниците на овој знак преферираат мирни и подалечни дестинации, на места каде нема пренатрупан туризам и гужви, туку може вистински да се ужива во природата. Сепак сакаат и мистериозни места, нешто што ќе ги привлекува со својата енергија.
За вас се препорачува Патмос, местото каде е напишана „Откровение на Јован“.
Стрелец
Родените во знакот на Стрелец на летниот одмор треба да прават нешто поразлично од вообичаено за да им остане во сеќавање и да си поминат убаво, а Грција е дестинација која сакаат да ја истражуваат.
За вас се препорачуваат дестинации како Пелопонез или Елафониси, кои ветуваат душевен мир.
Јарец
Претставниците на овој знак не сакаат многу далеку да патуваат заради своите ангажмани, навики и начин на живот. Тие бираат блиски и сигурни места, каде ќе одморат, а потоа ќе се вратат на своето.
За вас идеални се местата на Халкидики, солунската регија или Кавала, во краен случај Тасос.
Водолија
Оние кои се родени во знакот на Водолија повеќе даваат значење на друштвото со кое ќе летуваат, отколку на самата дестинација. Тие сакаат дружење за да им биде забавно, немаат проблем со гужви, но истовремено сакаат да се сместени на место од каде имаат опции за шетање.
Вас ви се препорачува остров како Антипарос, од каде често може да менувате места.
Риби
За припадниците на знакот н Риби доволно е да уживаат во бистро сино море, величествени плажи, далеку од љубопитни погледи, додека уживаат во прекрасни пејзажи. Сакаат мирни и сликовити островчиња на кои ќе откриваат плажи како да се скриено богатство.
За вас се препорачува островот Паксос, кој според грчката митологија настанал кога Посејдон удрил во Крф со својот трозабец и откинал парче копно од кое го создал овој остров.
М. М. | Црнобело