Хороскоп: Кој е активен, а кој умее да здивне?

Вага
Кај вас се менуваат периоди на голема активност и потполна пасивност. Одите од крајност во крајност, па можете да се изгубите во набљудувањето на залезот на сонцето, за веднаш потоа да се вратите на работата со целата своја енергија. Така го спојувате убавото со корисното и потполно ги користите моментите на работа и моментите на одмор. Одморот ви служи за полнење на батериите кои немилосрдно ги трошите во работните напори. И тоа е за вас најдобриот начин да ги амортизирате стресот.

Скорпија
Сакате да живеете онака како што сте замислиле и како што ви доликува, па се трошите без многу да размислувате за своето здравје. Секогаш сериозно се фаќате за работа, посветувајќи и дел од своето слободно време. Од време на време ве фаќа период на неработење после кој со уште поголем жар се враќате на градење на својата кариера. Ако се занимавате со спорт, барајте активност која не бара рано станување и напорни тренинзи. Сакате да се чувствувате интелектуално надмоќни и на тоа поле секогаш сте активни.

Стрелец
Главно сте многу активни, динамични и вредни. Не ретко ви завидуваат на големата неисцрпна енергија која ви овозможува да се занимавате со спорт и истовремено да вршите голем број други работи. Никогаш не се одморате и секогаш во сè морате да бидете први, поради што можете да страдате од премор и нервози. Напнатоста и бројните обврски кои самите си ги наметнувате ги трошат вашите нерви. Сепак, благодарејќи му на вашиот оптимизам, секогаш успевате да пронајдете решение.

Јарец
Амбициозни сте и вредни, па никогаш не се штедите на работа, но и кога ви е потребен одмор. Умеете да го трошите и своето слободно време. Вложувајќи многу физичка и психичка енергија, својата сила ја насочувате кон кариерата. Во слободното време читате добра книга, слушате музика, разгледувате интересна изложба, се занимавате со она што може да го збогати вашиот интелект и да ве заштити од стрес. Секој слободен момент го користите за духовно да се издигнете, што за вас преставува начин да го ублажите стресот.

Водолија
Никогаш не го запоставувајте интелектот и постојано го доградувате го и збогатувате. Отворени сте за нови знаења и сакате необични идеи, комуникација со угледни луѓе, друштво со оние кои се со различна социјална припадност. Повеќе сакате мирни спортови кои не бараат многу напор за да се дружите со луѓе од различни социјални слоеви. Сакате патувања, особено во егзотични краеви за да го запознаете животот и обичаите на другите народи. Тоа ве релаксира.

Риби
После тешкиот ден на работа, својата сила ја обновувате со долг сон, така избегнувајќи ги секојдневните стресни ситуации. Не сте особено посветени на спортот, особено не на оној кој бара многу напор. Заинтересирани сте за сè што ве стимулира. И додека другите се изложуваат на напорни ситуации, вие настојувате да разработите интересни идеи и замисли. Подготвени сте да се жртвувате за болните, немоќните, тоа ве регенерира и опушта.



Би можело да ве интересира:

5 работи што му го кршат срцето на секој хороскопски знак – што најмногу ги боли? Бик - Непосакуван крај – тие ги држат до последно конците, а срцето им се крши к...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...
На што да се фокусирате до крајот на 2025-та, според хороскопскиот знак? Скорпии, главниот фокус до крајот на годината треба да ви биде вашата флексибилн...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
5 хороскопски знаци кои во 2026-та ќе го најдат својот вистински пат Скорпии, во новата година ќе ви стане јасно што е она што ве кочи во животот. Мо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg