Какво цвеќе сакаат хороскопските знаци?

Ако при изборот на цвеќе се двоумите какво би и се допаднало на вашата драга, прашајте го хороскопот. Астролозите тврдат дека секој знак има омилено цвеќе.

kakvo-cvekje-sakaat-horoskopskite-znaci-1

Овен
Овните се импулсивни, полни со енергија и амбиции. Сакаат предизвици. Нивни бои се портокалова, црвена и жолта. Цвеќе кое го сакаат е орхидеjа, љубичици, јоргован. Тоа се диви, дрски, огнени, а истовремено нежни цветови. Цвет кој ја одржува енергијата кај овните е полскиот афион. Ги сакаат цикламите и шафранот, бидејќи се пробиваат низ сите пречки за да ја навестат пролетта. Овните ќе бидат задоволни ако им подарите лилјан или лалиња, симболи на убавина и силни емоции.

Бик
Бикот знае да го извлече најдоброто од секое ново искуство. Слободен е и стабилен. Сака зелена, розова и светло сина боја. Цвеќе кое најмногу го сака е афион, див лилјан и јоргован Романтичната природа на овој знак и неговата префинетост за убавото, подеднакво добро може да се изрази и со букет ружи. Одберете розови ружи, бидејќи таа боја ја ублажува биковата тврдоглавост. Бидејќи многу ја сакаат природата, биковите обожаваат и полско цвеќе, божур и ѓурѓовденче. Биковите сакаат големи, тркалезни цветови како герберот.

kakvo-cvekje-sakaat-horoskopskite-znaci-6

Близнаци
Близнаците добро се адаптираат кон се што е ново. Спектар на омилени бои им се: жолта, бела и сина. Маргаритките одговараат на нивниот темперамент. Веселиот нарав на близнаците одлично се сложува со ливадските цвеќиња. Совршен подарок е мало букетче од камилица. Бидејќи ја обожаваат жолтата боја, ги сакаат и нарцисите. Близнаците не се многу вешти во одржување градина, но сепак знаат да одгледаат по некој корен перуника, бидејќи тоа е цвет кој носи добри вести, а близнаците секогаш се полни знаење и информации.

Рак
Ракот е лојален и топол знак. Заради својата природна дипломатија и емотивност го прави животот на оние околу себе пријатен. Сака бела, сребрена и зелена боја. Омилено цвеќе му се ружите, јасмин и гарденија. Цвеќето не ракот му причинува среќа. Подарете му бели ружи, кои симболизираат чистина и го смируваат лабилното расположение на ракот. Особено ги сака дивите ружи со ситни цветови. Прозорците на раковите се украсени со љубичици како симбол на скромност и тајна љубов. Во своите градини сакаат да одгледуваат стебла со јаболки, крушки и сливи или сите други овошки кои имаат бели цветови.

kakvo-cvekje-sakaat-horoskopskite-znaci-2

Лав
И покрај желбата да доминира, лавот е романтичен и нежен. Боите кои ги сака се жолта, портокалова и црвена. Купете му цвет од сончоглед за да го израдувате, гладиоли или лупинес. Добар избор се и гардениите и цикламите, ако се луксузно спакувани. На оваа листа можат да се најдат и орхидеите, невенот и хортензијата. Од дрвја сака палми, орев и маслиново дрво.

Девица
Овој навидум смирен знак сака секогаш да знае на што е и да држи контрола над ситуацијата. На нивниот хипер – осетлив нервен систем одлично одговараат убави цветни аранжмани. Најдобрите градинари на светот се родени во овој знак и ти е сакаат косено сено, камелии, нарциси, бадемов цвет и цвет од вишна. На своите тераси имаат фикуси и сардели, а го сакаат мирисот на јоргованите.

Уште 6 знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Бик и уште 3 најромантични мажи според хороскопот Вага - Мажите родени во овој знак се верни, во секоја врска бараат хармониј...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
Која секси игра на улоги му е омилена на секој хороскопски знак (и зошто)? Во голем број текстови се спомнува секси играта на улоги како начин да ѝ дозволи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg