Совршен летен одмор за секој хороскопски знак

Рибите не можат да си го замислат одморот без базен, Близнаците се заслепени од модата, Ракот бара сокриено катче на плажата, додека Бикот ужива во неверојатни егзотични специјалитети.

sovrsen-leten-odmor-za-sekoj-horoskopski-znak-01

Овенот сака да истражува

Овенот не сака излежување на плажа, туку одморот го замислува како активна авантура. Тој сака да истражува и да планира, а најмногу ужива во помалку познати дестинации кои сака да ги запознава преку дружење со жителите од местото кое го посетил. Го привлекуваат раскошни дворци и тврдини. Идеални места за Овенот се Македонија, Мадагаскар, Романија, Италија и Франција.

Бикот избира гурмански дестинации

Уживање во странска кујна е одмор од соништата за Бикот. Овој гурман обожава храна, пазари и работилници на стари занаети. Сака да ги испробува локалните специјалитети, и да учествува во нивната припрема. Затоа го привлекуваат дестинации како Турција, Грција, Швајцарија и Бразил.

Близнаците ги привлекуваат гламурот и модата

Омилена активност на Близнаците е шопингот. Подеднакво уживаат и во висока мода и во распродажба. Најважно им е да бидат видени, а омилена дестинација им е Кина, Јапонија, Аргентина, Канада и Австрија.

Раковите уживаат во скриени места

Раковите уживаат во места кои се скриени од погледот на јавноста и во кои може да мируваат. За него годишен одмор значи лежење на плажа или читање во градина, и тоа сака да го овековечи со фотоапарат. Идеални места за создавање на спомени се Мароко, Норвешка и ЈАР.

Кралството на Лавовите

Лавовите ги привлекуваат места со богата историја, особено кралски резиденции и палати. Сакаат дестинации за богати и не се плашат да ја испробаат својата среќа  во казино. Водени се од адреналинот за можна добивка, а вродената активност ги тера да видат што е можно повеќе. Идеални дестинации за Лавот се Шпанија, Унгарија, Сингапур и Саудиска Арабија.

Девицата бара духовен мир

Пребирливата Девица е восхитена од дивината, планините и од храмовите. Најмногу ја привлекуваат верски храмови и мирот кој се врзува со нив. Идеални дестинации се Индија, Мексико, Велика Британија и Бугарија.

Уште 6 знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Годишен хороскоп за 2026: Риби Љубовниот живот на Рибите во 2026 година ќе биде исполнет со силни емоции, но и ...
Годишен хороскоп за 2026: Бик За Биковите 2026-та ќе биде година во која ќе мора да решите многу заостанати си...
Годишен хороскоп за 2026: Рак Љубовниот живот, кариерата, семејните односи ќе бидат ставени на тест. Она што е...
Годишен хороскоп за 2026: Скорпија Љубовниот живот на Скорпиите во 2026 година ќе биде стабилен, но не толку страст...
Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...

Најчитани неделава