Летен љубовен хороскоп 2013

Летото е во полн ек, па затоа несомнено е дека сите сме подготвени за нови љубовни зафати. Ова лето може да ви почне на многу начини, но во секој случај нема да биде здодевно и без авантури.

leten-ljuboven-horoskop-01

Овен

Овните не се многу загрижени затоа што Меркур е ретрограден – Венера е во вашата петта куќа и таа прилика не би требало да ја пропуштите! Од почетокот на летото, па сè до 22 јули искористете ја секоја можност и прифатете го секој повик за љубовен состанок од личноста заради која срцето ви чука забрзано. Чувствата и хемијата помеѓу вас ќе бидат изразено силни. Сепак, нема никакви конкретни знаци за тоа каква ќе биде вашата врска, кратка или трајна. Тоа ќе го откриете дури после 20 јули. Со Венера која ви дава “ветар во грбот”, ова лето и авантурите пред вас дефинитивно ќе се исплатат, па дури и да бидат на кратки стази.

Марс, вашата планета која преовладува ќе влезе во секторот на романтиката на 27 август, што значи дека крајот на летото ќе биде идеално за потрага по физички и емотивни задоволства.


Бик

Најдобро време за уживање во љубовта дефинитивно ќе биде периодот по 22 јули, но чекањето секако ќе се исплати. Тогаш и Меркур и Венера ќе ви бидат во корист и вашата владеачка планета во љубовта ќе влезе во петтата куќа на забавите и вистинската љубов. Ова ќе трае сè до 26 август. Вашиот шарм и убавината со која ќе зрачите до тогаш ќе бидат навистина забележливи за спротивниот пол. И што е уште подобро за вас, од 2 август Венера и Марс (космичките љубовници) ќе се најдат во секси прегратка. Тоа ќе ви помогне да уживате во страствената комуникација со една личност на која одамна и фрливте око, а потоа сите шанси се на ваша страна. Што се однесува до зафатените Бикови, ова лето уживајте во љубовта која ќе ја доживеете со своите партнери. На одмор ќе имате голем број прилики да ја оживеете страста во врската или бракот – искористете ја таа шанса!


Близнаци

На почетокот на летото ќе се чувствувате секси, но истовремено и по малку збунето. Марс е во вашиот знак сè до 13 јули, што ќе помогне да го зајакнете вашиот сексапил. За жал, Меркур, вашата владеачка планета, ќе биде ретроградна сè до 20 јули, а тоа би можело да доведе до емотивни забуни, како и збунувачки знаци од неколку повеќе личности од спротивниот пол. Меѓутоа, не грижете се, вашето лето нема во потполност да биде збунувачко. Веќе по 16 август Венера ќе влезе во вашата петта куќа на романтиката и таму ќе остане до 11 септември, па во тој период ќе имате многу прилики да ги средите односите со саканата личности и ќе ја освоите онаа личност која веќе долго време ја набљудувате.

И за зафатените важи истото. Во првиот дел од летото би можело да дојде до недоразбирања со партнерот и ќе биде многу тешко да пронајдете заеднички јазик. Меѓутоа, средината на август е идеална за промена на ситуацијата, па немојте да избрзувате и премногу сериозно да ги разбирате проблемите од периодот претходно.


Рак

Љубовта за вас во последно време значи трансформација,а мрзеливите летни денови тоа нема да го променат. Месец април на повеќето Ракови им донесе значајно месечево помрачување во секторот на романсите, па затоа многумина ги завршија своите долги врски и нови почетоци. Сега Сатурн се наоѓа во вашата петта куќа на правата љубов, што значи дека повторно влегувате во период на кармичко чистење кога се во прашање емоциите. Кога е во прашање љубовта, ова лето вселената не ви препорачува да се задоволите со нешто просечно, кога заслужувате многу повеќе. Понекогаш мора некое време да поминете сами за да сфатите што навистина ви недостасува и што е она што барате. Ако сте во врска, ова лето ќе значи обновување и повторно поврзување со партнерот или пак конечно прекинување. Како и да е, конечно ќе разберете што точно сакате во една врска и тоа ќе го исполните!


Лав

На почетокот на летото многу Лавови нема да бидат типични припадници на својот хороскопски знак. Вие сте обично помеѓу најдружељубивите знаци и не ви паѓа на памет да ги пропуштите најважните забави и случувања. Но, од почетокот до 20 јули Меркур ќе биде ретрограден во вашите астролошки карти, па затоа повеќе ќе ви одговара да бидете сами. Ќе се повлечете во себе, но тоа не значи ништо лошо. Сепак, заради тоа нема да доживеете многу љубовни шанси во тој период, а во долгите врски може да дојде до монотонија и по малку заситеност. Трошка надеж ќе ви пружи Венера, која во вашиот знак ќе се задржи до 22 јули. Ако сте без партнер – сродната душа би можеле да ја пронајдете на мирни места – во книжари, библиотеки или пак на мирно кафе некаде во градот.


Девица

Девиците, со оглед на тоа што со нив владее Меркур, во почетокот на летото ќе се чувствуваат дека ова навистина не е добар период за нив. Сè до 20 јули е можно да бидете вклучени во голем број на недоразбирања и конфликти во  вашиот живот, посебно кога станува збор за друштвениот живот. На ваша среќа, планетата ќе се намести во ваша корист кон средината на летото.

До 16 август Венера ќе биде во вашиот знак, што значи дека вие ќе бидете знакот кој го маѓепсува спротивниот пол. Вашата привлечност нема да остане незабележана, а самодовербата ќе ви биде од помош во решавањето на љубовни проблеми. За зафатените ова е период кога партнерот ретко ќе може да им одолее, додека оние кои се сами би можеле да ги дофатат партнерите од своите соништа. Точно на 2 август голем број од Девиците ќе имаат шанса едно големо пријателство да претворат во нова љубов. Ако сте во врска, на 26 јули би можеле да почувствувате мали недоразбирања со партнерот, но и тоа брзо ќе помине.


Вага

Ако сте во свежа врска, таа е можно да стане многу посериозна од тоа што сте планирале. Летово ќе биде емотивен период и за личностите во долги сериозни врски. Ова ќе биде време на изјавување љубов и Вагите тоа ќе го почувствуваат. Оние кои се наоѓаат во врски што ги гушат овој период може дополнително да ги засилат негативните емоциите и напнатоста, поради што ќе посакате побрзо да избегате од таа врска. Тие што не се во сериозна врска, голема е веројатноста да започнат емотивна и сексуална интензивна врска. Ваков ист период ќе се појави и по 20 август, а ако големите љубовни промени не дојдат во јули тогаш тие сигурно ќе пристигнат во август.


Скорпија

Ова лето Скорпиите ќе се чувствуваат како некоја виша сила да ги тестира повторно. Со Сатурн во вашиот знак и со сите пролетни помрачувања кои биле во вашиот знак, прилагодувањата и компромисите во вашата врска се неизбежни. Ова лето ќе пробате да си ги средите чувствата кон вашиот партнер. При крајот на летото вас конечно ќе ви тргне во љубовта. Венера ќе биде во знакот на Скорпија од 11ти септември, а на 18ти кога ќе се поврзат Венера и Сатурн знајте дека вашата љубов ќе трае вечно. Слободните Скорпии ќе бараат љубов, но тоа ќе се одвива со бавно темпо. Нема да регистрираат ништо над просекот, но затоа при крајот на летото и почетокот на есента работите ќе се променат на подобро.


Стрелец

Ова лето очекувајте поголем фокус на еротичната страна на животот. Можеби почетокот од летото нема да ви биде толку возбудлив поради влијанието на ретроградниот Меркур во вашата осма куќа, но кога Јупитер ќе влезе во истото место ќе го намали влијанието на Меркур. Ова е совршено време да победите некои стравови поврзани со љубовните врски или пак истражување на сопствената сексуалнист. За оние кои немаат ваков тип на проблеми, најверојатно ќе пробаат работи кои никогаш не би ги пробале.

Марс влегува во 8та куќа на 13 јули, а Меркур ја напушта на 20 јули. Овој период искористете го за да ги реализирате сите работи за кои сте размислувале. Без разлика дали сте слободни или зафатени, ослободете ја вашата еротична страна.


Јарец

Енергијата што ја имате ова лето и вниманието кое ќе му го посветите на вашиот партнер е неверојатно. Јупитер влегува летово во делот за врски и ќе остане таму дури цела година. Очекувајте заеднички раст и оптимизам. На почетокот ќе бидете малку збунети и збркани бидејќи до 20 јули Меркур ќе биде ретрограден во тој дел од вашата астролошки карта. Вие и вашиот партнер ќе имате склоност кон претерување тој период затоа потрудете да го разберете што точно сака да каже.

Од 24 јули се до 27 август Марс ќе биде во седмата куќа, што значи дека ќе се ангажирате повеќе на врската и на партнерот. Слободните ќе бидат активни и иако важат за ладни личности тие отворено ќе приоѓаат на спротивниот пол. Кој не ризикува - не може да профитира. Со оваа филозофија слободните Јарци ќе имаат успешни летни авантури.


Водолија

Можете да бидете преисцрпени за љубов наредните месеци бидејќи планетите се наместени во корист на работата. Не очајувајте, сепак ќе имате романтични моменти во кои ќе можете да уживате. До 20 јули Меркур, владетелот на вашата петта куќа ќе биде ретрограден. Во овој период може да ви се појави вашата поранешна љубов и да ви побара втора шанса. Голема е можноста да се работи за личност со која соработувате. Дали вреди да си играте со емоциите ќе видите подоцна. Ако сте во врска од 27 јули до 22 август, Венера ќе помине низ вашата седма куќа и ќе ги подобри односите со вашиот партнер.


Риби

Ова лето за Рибите ќе биде посветено на љубовта. Ако некој има возбудливо лето, тогаш тоа сте вие. Јупитер после 12 години повторно се сместува во вашата 5 куќа што е одлична шанса за слободните Риби. Сега е моментот да запознаете некоја интересна личност со потенцијал за сериозна врска. Во истото место се наоѓа ретроградниот Меркур кој само ќе ја зачини работата. Може да се случи две машки личности да се скараат околу вас бидејќи Марс влегува во 5та куќа на 13 јули. Очекувајте жешко и возбудливо лето. Тие што се во долга врска треба да го избегнуваат поранешниот партнер. Кога ќе ја надминете оваа пречка летото ќе ви биде исполнето со многу романтични моменти со вашата драга личност.

Би можело да ве интересира:

Ретроградна Венера од 22 јули ќе донесе драма и љубовни промени - Како ќе влијае на хороскопските зн... Овен - Ретроградната Венера во вашиот живот може да врати некоја стара љубов (шт...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Со кој хороскопски знак ќе бидете мизерни во врска, според астрологијата? Девици, вие сте личност која сака да остане на едно место и ја цени својата рути...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Летен хороскоп за 2023: Нова љубов за Близнаците, голема авантура за Вагите Лав - Во текот на летото ќе ви биде тешко да направите баланс помеѓу приватниот ...
Кој е вашиот најсреќен ден во 2024 година, според хороскопскиот знак? Оваа година ситуацијата ќе биде подобра во однос на вашиот љубовен живот, особен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg