Хуморот и хороскопските знаци

Водолиите по природа се смешни. Овните се мимичари, Девиците се зајадливи, Скорпиите саркастични, а Јарците се духовити со маска на сериозност. Секој хороскопски знак има свој начин за шега и секој доведува до смеа со различни постапки.

humorot-i-horoskopskite-znaci

Вака нè развеселуваат хороскопските знаци:

Овен
Физичкиот хумор кај Овенот доаѓа природно. Овните се едни од најголемите мимичари во зодијакот. Но, покрај тоа умеат да бидат и духовити на многу оригинален начин.

Бик
Набљудувачки хумор. Најчесто се ненамерно духовити и може од срце да се смеат на самите себе.

Близнаци
Бидејќи многу бргу ја сфаќаат шегата, помнат шеги и вицови многу добро и може да се смеат на сè и сешто. Овој знак е најсклон кон исмејување на другите, но не од злоба, туку најчесто затоа што тој некој им е интересен.

Рак
Раковите се „нежно“ духовити. Најчесто ги засмејуваат другите со некој израз на лицето, или се претвораат дека се сериозни и бесни тогаш кога не се.

Лав
Лавот ги исмева сите од своето опкружување, па дури и кога преувеличува. Не само што другите го сметаат за духовит, туку и сакаат да се дружат со него и да се смеат на неговите шеги. А Лавот е свесен дека на тој начин ве држи покрај себе.

Девица
Се нервираат, но не се изнервирани, се жалат, а немаат потреба за тоа – Девиците се зајадливо духовити, ги исмеваат луѓето и нивните животи, но се многу добри забавувачи.

Вага
Сарказмот е нивното главно оружје. Еднаш кога ќе тргнат, не умеат да запрат. А оние што се тогаш со нив во друштво не можат да престанат да се смеат.

Скорпија
Хроничен сарказам. Го коментираат ова, го коментираат она, коментираат сè. Тоа може да делува грубо или пасивно агресивно, но секако е смешно.

Стрелец
Сè во животот може да стане комично ако сте со Стрелец. Комбинација на набљудувачки хумор, сарказам и преувеличување.

Јарец
Фасада бес насмевка. Јарецот ќе го задржи сериозниот изглед преставувајќи ви ја шегата како вистина, составувајќи приказна која треба да го насмее него и другите кога вие ќе поверувате во неа.

Водолија
Природно забавни луѓе. Тие не мораат да се трудат да кажат виц или нешто слично. Најчесто не се свесни дека се смешни.

Риби
Овој знак се движи од сладок раскажувач до неподнослива личност. Кога Рибите ќе посакаат да ве насмеат и да го задржат вашето внимание, ќе работат на тоа се додека не им успее.

Би можело да ве интересира:

Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Кој е вашиот знак во арапскиот хороскоп и што открива за вас? Копје е првиот знак во арапскиот хороскоп и со него почнува, но и завршува годин...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Како секој хороскопски знак сам си ја уништува љубовната врска? Многу Водолии не можат да преболат некоја стара љубов. Тие често мислат на ...
Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg