Хороскопот ги открива сигналите: Не му верувајте ако...

Сте забележале ли дека често некој од пријателите или партнерот има невообичаени реакции, но се обидува да се воздржи? Ви се чини дека ве разбираат или дека се искрени, но нешто не ви чини.

horoskopot-gi-otkriva-signalite-ne-mu-veruvajte-ako-01

Сепак, постојат некои сигнали за секој хороскопски знак, кои го издаваат и според кои може да откриете дали ја зборува вистината или само се преправа. Ако забележите некои од овие знаци, не му верувајте.

Овен

Овенот реагира многу агресивно на обвинувањата. Ако се разбесни, наместо сè да сврти на шала, тогаш имате причина да бидете лути.

Бик

Обично е сигурен во себе, па кога Бикот ќе почне да покажува несигурност во себе, значи дека лаже или нешто крие.

Близнаци

Ако слушнете некоја реченица како: „Не ме гледај“, „Не ми го допирај телефонот“... знајте дека нешто не е во ред.

Рак

Ракот сака да поминува време со партнерот. Тоа значи дека ако наеднаш стане отсутен во мислите, знајте дека нешто крие. Особено ако почне да измислува причини за да измислува причини за да не биде дома.

Лав

Лавот има обичај да започне кавга за да го оттргне вниманието од тајните кои ги чува. Се води по правилото „нападот е најдобра одбрана“.

Девица

„Не ме интересира, прави што сакаш“ – ако ја слушнете оваа реченица од некоја Девица, која вообичаено е љубезна и чувствителна, значи дека нешто не е во ред.

horoskopot-gi-otkriva-signalite-ne-mu-veruvajte-ako-2

Вага

„Зошто не ми веруваш?“ е најчестата реченица кога Вагите сакаат нешто да излажат или скријат. Почнуваат со емотивна манипулација за да го натераат партнерот да се чувствува непријатно што воопшто ги прашал или ги обвинил.

Скорпија

Скорпиите кои нешто кријат знаат да бидат многу сурови. За да го свртат вниманието од себе почнуваат да ги навредуваат или обвинуваат другите и да ја менуваат темата.

Стрелец

Расеаниот Стрелец секаде остава траги и постојано ги менува изговорите, па лесно може да го фатите кога лаже.

Јарец

Јарецот ја игра играта „префрлање на топката“. Ако го фатите дека лаже, ќе најде начин за на крајот вие да бидете виновни, а тој жртва.

Водолија

Водолиите знаат да бидат многу убедливи кога лажат, бидејќи се во состојба да ве гледаат во очи и да ве лажат.

Риби

Рибите имаат грижа на совест која ќе ги издаде ако лажат. Штом почнат премногу да ви угодуваат и да ви ги исполнуваат желбите, знајте дека нешто не е во ред.

horoskopot-gi-otkriva-signalite-ne-mu-veruvajte-ako-1

Би можело да ве интересира:

Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Бик и уште 3 најромантични мажи според хороскопот Вага - Мажите родени во овој знак се верни, во секоја врска бараат хармониј...
4 хороскопски знаци кои ќе ја најдат својата сродна душа подоцна во животот Овни, досега сигурно сте имале неколку лоши врски. Но, не треба да жалите за вре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg