Зошто не е лесно да ги сакате и разберете Девиците?

Секој хороскопски знак е специфичен по нешто, има многу карактеристики, маани и предности, а судејќи по нив многумина велат дека Девиците се најтешки за сакање и разбирање. Зошто?

zosto-ne-e-lesno-da-gi-sakate-i-razberete-devicite-001.jpg

1. Девиците планираат до последен детаљ

Една од првите карактеристики им е токму оваа. Тие никогаш не носат брзи одлуки, секогаш прво ги анализираат опциите, прават план, па дури тогаш тргнуваат во акција. Некои ќе кажат дека тоа постојано ги спречува да успеат, но тие едноставно сакаат да се секогаш подготвени. Да, спонтаното излегување е секогаш добро, но ако излегувате со Девица, очекувајте дека таа ќе има подготвена мапа, ќе ги истражи сите можни попатни станици и секако, сè детално ќе ви раскаже.


2. Делуваат ладно

Вистина е дека секогаш делуваат ладно и оддалечено, но само затоа што мислат на 300 работи одеднаш. Од друга страна пак, тие секогаш ќе ве ислушаат, но ретко кога ќе ви ги раскажат своите проблеми. Ако некогаш ви треба да пронајдете некого и нешто, знаете каде треба да се обратите.


3. Лојални се, но тешко веруваат

Еднаш кога ќе стекнете доверба, сигурни сте. Затоа не се чудете што сè уште се дружат со истите пријатели од средно и основно училиште. Не е лесно да се зближиш со Девица, но не е ни невозможно.

zosto-ne-e-lesno-da-gi-sakate-i-razberete-devicite-01.jpg

4. Претерано практични се

Можеби најпрактичниот знак во Зодијакот. Иако многумина оваа особина ја сметаат за здодевна, тие секогаш ќе одберат стабилност.


5. Пребираат кого да засакаат

Девиците имаат високи стандарди кога се работи за личностите во кои ќе се заљубат. Затоа и им треба повеќе време, но кога еднаш ќе се предадат, стануваат страствени. Оние кои сакаат само авантура за една ноќ, може веднаш да се откажат.


6. Секогаш се независни

Некои ги нарекуваат контрол фрикови, но Девиците најдобро се опишуваат со терминот здрава независност. Ако на нивното лице сакате да видите слабост или загриженост, заборавете на тоа, затоа што дури и во најтешкиот период Девиците изгледаат ладно. Но, тоа не значи дека не се кршат во себе, баш напротив. Често пати се исплашени од сопствените емоции, па затоа се трудат да си ја задржат независноста по секоја цена.


7. Знаат да бидат и проникливи

Никогаш нема да се задоволат со просекот, затоа што знаат дека можат да бидат брилијантни, па затоа одат до крај кога треба да успеат во нешто. Тие не си поставуваат стандарди само себеси, туку и на сите луѓе околу нив, па сите кои сакаат да бидат пријатели или љубовници со Девиците, мора да ги почитуваат.

Би можело да ве интересира:

Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
7 месеци во кои се родени луѓето што не знаат да излажат (дури и ако пробаат) Родените во април се искрени до крајност. Отворено го кажуваат она што сите го м...
Драстичната животна промена што наскоро ве очекува, според хороскопскиот знак Ракови, ќе си ја промените перспективата за нешто важно, и тоа благодарение на л...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...

Најчитани неделава