Хороскоп: Рецепт за среќа за секој хороскопски знак

Додека едни сметаат дека пронаоѓањето на љубовта е апсолутна среќа, други сметаат дека индивидуалните патувања се она што им ја развлекува насмевката. На трети пак, доволни им се само пријателите.

ljubov-patuvanje-ili-neraskinlivo-prijatelstvo-sto-e-sreka-za-sekoj-horoskopski-znak-01.jpg

Што ве прави вас најсреќни? Хороскопот го има рецептот за среќа на секој знак:

Овен

Важно е секое утро да одвоите 20 минути за себе - за кафе, туш, музика. Што и да ви кажат другите игнорирајте ги. Ако нешто навистина сакате поработете на тоа, затоа што не ви е во крвта да се откажувате или да паднете. Престанете да се трудите околу односите кои не ве водат никаде. Секој ден пешачеше, возете велосипед или нешто сосема трето. Спротивно на она во што верувате, заморени сте затоа што не сте доволно активни. Не се срамете од своите „бубачки“ во главата, прифатете ги и ќе бидете помалку нервозни.


Бик

Бидете сигурни во себе и своите ставови, дури и ако сте разочарани. Сомневањето во самите себе ве води до депресија. Не ги пропуштајте можностите да си ги задоволите желбите, но строго одвојте го и времето за работа. Вежбајте ја емпатијата и почесто ставајте се во кожата на другите за да ги сфатите подобро. Научете дека претераната гордост може да биде непријател, посебно ако ве оддалечува од оние кои ги сакате. Бидете подобри пријатели, тие односи ве прават исполнети и вистински среќни.


Близнаци

Учете и читајте, тоа го чува вашиот мозок и ви ја задоволува љубопитноста. Не бидете мрзеливи. Држете се до своите хобија, иако имате малку време. Без забава лесно паѓате во депресија. Не се венчајте без претходно да живеете во заедница со тој човек барем неколку месеци. Барајте стабилни пријатели кои ќе ви кажат кога треба да закочите. Не се задоволувајте со работни позиции кои не ве исполнуваат. Секогаш надградувајте го знаењето, тоа ве прави вистински среќни.


Рак

Помалку трачарете и помалку дружете се со луѓе кои трачарат затоа што негативните емоции и мисли ги впивате како сунѓер. Не ја пропуштајте секоја прилика за дружење со пријателите и семејството - таа енергија ве храни. Во работата поставете си приоритети. Никогаш не дозволувајте еден ден да работите, друг да лежите, неопходна ви е рутина. Вежбајте ја довербата во другите луѓе и дајте им шанса да станат подобри. Гответе и уживајте во добрата храна, гастрономијата е ваша страст.


Лав

Не се извинувајте што сакате внимание, љубов и добро однесување, туку најдете луѓе кои ќе ви го пружат тоа. Не ги сокривајте фрустрациите, затоа што подоцна ќе излезат од вас 10 пати полоши, а вие ќе излезете незрели во очите на другите. Бидете подиректни и искрени. Не си дозволувајте да бидете последни во работата, нема да бидете среќни ако немате доволно големи одговорности. Што почесто дружете се со различни луѓе. Ви треба живот со активно темпо за да постигнете внатрешна среќа.


Девица

Помагајте им почесто на луѓето околу вас, со тоа ќе ја вежбате емпатијата и ќе се чувствувате подобро. Прифатете се онакви какви што сте и не им се правдајте на другите. Дружете се со оние кои имаат јасни животни ставови. На работа не ги земајте работите при срце, стекнете искуство и побарајте нешто ново што ќе ве исполни. Не стравувајте од прекинување на лошите и нездрави односи, посилни сте отколку што мислите.

Уште 6 знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Хороскопските знаци рангирани според нивната среќа – Близнаците се најголем баксуз Скорпии, дефинитивно ве следи среќа, но единствениот проблем ви е што некогаш не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg