Што прави секој хороскопски знак за време на празниците и славите? Водолијата се налева со ракија, Девицата упорно ги чисти флеките

Сезоната на празнични собири и слави веќе на големо е почната, па ако сакате да погодите кој што е во хороскоп, доволно е да ги следите манирите.

sto-pravi-sekoj-horoskopski-znak-za-vreme-na-praznicite-i-slavite-vodolijata-se-naleva-so-rakija-devicata-uporno-gi-cisti-flekite-01.jpg

Како што во секој аспект од животот хороскопските знаци се разликуваат драстично, така е и кога се работи за славењето.

Некои сакаат постојано да чистат, други гласно да раскажуваат, трети да пијат додека има...

Овенот обично почнува со славење штом ја засили музиката и нетрпеливо ги очекува гостите. Кога конечно ќе стигнат, ги дочекува видно напиен и ги бакнува сите по ред.

Бикот на славата е во природен елемент. Веднаш се нуди да помогне околу поставувањето на храната и задолжително пробува од сè по малку, пред воопшто храната да стигне до масата.

Близнаците цело попладне не можеле да се одлучат што пијалак да донесат за домаќинот, па како по обичај доцнат и со себе носат цел бар пијалаци.

Ракот мераклиски седи во некоја удобна фотелја и го дегустира она што Близнаците го донеле. Понекогаш станува да отвори врата, додека Овенот држи говор.

Лавот е најгласен на масата, веднаш после Овенот. Го прескокнува мезето затоа што се чува за главното јадење и постојано пие вино, па затоа во секоја минута е сè повесел.

Девицата упорно се труди да ги отстрани мрсните флеки и дамките од виното или барем да ги сокрие да не се гледаат. Во меѓувреме мези и следи на гостите нешто да не им недостасува.

Вагата го објаснува потеклото на сите обичаи и на сите им влегува во збор, па сите ја бркаат во кујната „да помогне“ околу јадењето.

Скорпијата доаѓа веќе напиена и доведува уште неколку весели пријатели, па сите шетаат низ куќата барајќи столчиња и прашуваат - Што е ова луѓе? Слава или погреб? Дајте малку музика!

Стрелецот е гостинот кој сите го сакаат и на сите им е забавен. Неговите шеги се прераскажуваат и наредната година.

Јарецот седи мирно, јаде сè по ред, пие што му е ставено. Не се буни и ништо не бара. Но, кога ќе прозбори, сите паѓаат од смеење. На крајот задолжително останува да му помогне на домаќинот да расчисти.

Водолијата се налева со ракија без да престане. Цело време другите и кажуваат да касне нешто, да не пие на гладен стомак, но таа само си игра со храната.

На Рибите постојано им е топло и малку по малку се расоблекуваат. Конечно ќе им стане сè по мерка кога сите гости ќе се напијат, па атмосферата станува максимално опуштена.

Би можело да ве интересира:

Кои се најсреќните датуми во март 2026 за секој хороскопски знак? Секој месец, според поставеноста на планетите, носи повеќе или помалку среќни, п...
Шест хороскопски знаци кои се срамежливи, но самоуверени На Лавовите им е многу важно каков впечаток ќе остават, па затоа делуваат срамеж...
Годишен хороскоп за 2026: Рак Љубовниот живот, кариерата, семејните односи ќе бидат ставени на тест. Она што е...
3 хороскопски знаци чии животи до пролет драстично ќе се променат (на подобро) Бикови, по многуте подеми и падови од изминатите неколку години, влегувате во пе...
Љубовен хороскоп за декември 2025: Јарци – вашите погледи „на страна“ може да доведат до раскинување Зафатените Овни ги очекуваат предизвици кои можат да ја разнишаат врската или да...
Денес почнува ретрограден Меркур - Кај кои знаци ќе донесе проблеми, а како ќе го преживеат останати... Бикови - Во следните 20 дена бидете подготвени за многу изливи на љубомора од ва...

Најчитани неделава