Голем пролетен хороскоп за 2016-та: Биковите ги чека нова љубов, Лавовите ќе намалат некој килограм

Топлите денови ни пристигнаа, заедно со календарската пролет. Што може да очекувате од нив? Нова љубов, поголема енергија или подобро здравје?

golem-proleten-horoskop-za-2016ta-bikovite-gi-ceka-nova-ljubov-lavovite-ke-namalat-nekoj-kilogram-01.jpg

Зависно од хороскопскиот знак и поставеноста на планетите, откријте за што е идеална оваа пролет:

Овен

Без никакви сомнежи оваа пролет ќе бидете полни со енергија и ентузијазам. Најповолниот период ќе трае до 18-ти април, кога ќе бидете витални, силни, ќе имате доволно елан за нови деловни почетоци, а најмногу од сè од рака ќе ви одат соработките со поединци во странство. Од 18-ти април би можело полека да ви се активираат некои проблеми од минатото, па тој период не е поволен за било какви ризици. Бидете внимателни на секој чекор. Во љубовта исто така после 18-ти може да се вратите на стари проблеми, а решенијата ќе ви делуваат како невозможен поим. Сепак, со помош на својата внатрешна сила ќе го надминете кризниот период. Не се предавајте на депресијата и апатијата. Бидете физички активни кога сте нерасположени, движете се, шетајте и бидете во друштво на пријатели.


Бик

Во текот на оваа пролет ќе бидете максимално насочени кон љубовните случувања и стекнувањето на нови познанства, ширењето на кругот на пријатели, излегувања, дружења... Може да очекувате позитивна атмосфера и во поголемиот дел од пролетта ќе бидете во добро расположение. Амбициите ќе ги исполните во текот на април, кога ќе бидете нешто поагресивни и поангажирани на работен план. Ќе имате желба да водите, да се докажете и да останете на врвот. Месец мај пак, ќе ви донесе нова љубов. За сите слободни Бикови мај е поволен период за нови врски кои ќе прераснат во стабилни партнерства. Ако веќе имате партнер - ќе успеете да го подобрите односот и љубовта да процвета. Оваа пролет ќе се чувствувате добро во своја кожа и ќе ширите позитивна енергија каде и да се појавите.


Близнаци

За вас поволниот период трае до 29-ти април. Сепак, не може да се каже дека сè ќе ви оди лесно оваа пролет, дури и кога положбата на планетите ви е наклонета. Можно е повремено да чувствувате недостиг на енергија. До 29-ти април паметно е да се посветите на работата, да бидете активни и посветени на тимската работа, како и на сите прилики да дојдете до подобрување на финансиите. од 29-ти април до 23-ти мај ве очекува негативен период кога не треба да планирате патувања или почетоци на важни обврски. На љубовен план подобро ќе се снајдат слободните Близнаци затоа што ќе имаат шанси за флерт на секој чекор. Ако сте во врска или брак - партнерот ќе сака да ви наметне нови правила и одговорности кои нема да му одговараат на вашиот разигран и слободен дух.


Рак

Може да очекувате мирна, весела и прекрасна пролет без многу стрес и гужви. Евентуално во текот на април може да бидете во гужви и нервози, па затоа во овој период најдобро е да се посветите на деловните можности за напредок и да ја подобрите комуникацијата со надредените. Од мај веќе влегувате во мирна фаза во која сте стабилни и на свој терен. Љубовта ќе ви се појави - во тоа нема сомнежи. Очекувајте познанство со личност која ќе биде прилично упорна во своите намери да ве освои. Како и секогаш, до последен момент нема да покажете дали сте заинтересирани или не, но кога ќе дојде до врска, ќе се топите во љубовната атмосфера. Родените во третата декада од овој знак сепак би требало да внимаваат, посебно кога се работи за безбедноста во сообраќајот и здравствените проблеми.


Лав

Вие сте знак кој веројатно оваа пролет ќе има најмалку компликации и проблеми. Ќе имате доволно енергија, оптимизам и поддршка, па може да бидете максимално активни на сите полиња. Ве очекува бурен љубовен период затоа што ќе бидете привлечни за спротивниот пол. Ќе освојувате каде и да се појавите, исклучиво на база на страста и физичката привлечност со која зрачите. Затоа, ќе освојувате исклучиво партнери за површни врски. На работен план ќе биде онака како што планиравте, со тоа што нема да имате многу време за одмор. Не спиете доволно, но не губите многу. Оваа пролет е идеален период да го обликувате своето тело и да ослабете некој килограм. Поволниот период ќе ви трае до 29-ти мај, искористете го паметно.


Девица

Големи се шансите оваа пролет да не знаете каде се наоѓате, во секоја смисла. Можно е обврските да ве притиснат од сите страни и да немате доволно време за себе. Гледањето на филмови и излежувањето низ дома ќе бидат мисловни именки. На работа ќе бидете максимално активни, па таман кога ќе ги завршите обврските, ви пристигнуваат нови. Многу Девици ќе работат без слободен ден или тој слободен ден ќе го поминат во решавање проблеми, ако не деловни - тогаш семејни. Имате впечаток дека ништо не е под контрола, а тоа никако не ви одговара. Пролетта ќе си поминува, а вие ќе имате впечаток дека ниту еден ден не сте им посветиле на саканите. Забавете малку во периодот од 29-ти април до 23-ти мај.

Уште 6 знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Која е идеалната летна дестинација за секој хороскопски знак? За Лавовите, одморот на Малдиви во луксузен ресорт е најдобриот избор, додека на...
4 хороскопски знаци кои забораваат на партнерот кога се родители (дури и кога детето ќе порасне) По доаѓањето на бебето, сè што сакаат да прават Јарците е да зборуваат за своите...
Една причина поради која секој хороскопски знак ќе ви го скрши срцето На Близнаците лесно им здосадува сè, па ако деновите со вас им се исти и монотон...
Како најлесно да заштедите пари, според хороскопскиот знак? Бикови, вие сметате дека луксузот не е привилегија, туку право на секој човек, п...
Како изгледа вашиот совршен викенд, според хороскопскиот знак? Ракови, вие сте грижлива и сентиментална личност, па совршениот викенд за вас вк...
Како секој хороскопски знак ја искажува љубомората во врската? Скорпија - Од нив можете да очекувате бесрамно да ви ѕиркаат во телефонот, да ви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg