Голем пролетен хороскоп за 2016-та: Биковите ги чека нова љубов, Лавовите ќе намалат некој килограм

golem-proleten-horoskop-za-2016ta-bikovite-gi-ceka-nova-ljubov-lavovite-ke-namalat-nekoj-kilogram-02.jpg

Вага

Највозбудливите случувања на љубовен план ви доаѓаат токму во месец април. Во тој период конечно ќе излезете од зимскиот сон, па ќе бидете во потрага по партнерство, љубов и хармонија. Самотијата не терен на кој добро ќе се снајдете, па затоа од април зграпчете ја приликата за врска и не ја пуштајте. Ќе најдете партнер или партнерка која совршено одговара на вашите физички идеали и не треба да се двоумите дали да го направите првиот чекор. Покрај динамичните и доминантни личности конечно ќе си ги вратите насмевката, страста и еланот. Минатото оставете го и не кревајте ако ве бараат лицата кои сте ги оставиле. На работното место сè ќе ви оди под рака, иако покрај љубовните успеси, работните нема да ви бидат приоритет.


Скорпија

Нема сомневање дека сакате да верувате во  љубов, но оваа пролет ќе ви се докажува спротивното. Секое утро и секоја ноќ се заспивате мислејќи на пари. Сè друго ќе оставите на страна и ќе смислувате нови начини да дојдете до заработка. Не може да се каже дека ќе се збогатите преку ноќ, но дефинитивно ќе ја подобрите финансиската состојба. Работете напорно, никој ништо нема да ви подари. Колку и да заработувате ќе сакате повеќе, па ќе ги поместите сопствените граници. Доколку сте во брак или врска, партнерот ќе се обиде повторно да ве освои во текот на месец мај. Затоа, колку и да заработувате, парите не може да ви го загреат креветот. Не ги игнорирајте емоциите и внимавајте на приоритетите.


Стрелец

Оваа пролет ќе бидете оптоварени со одговорности и ограничувања. Внимавајте на своето здравје. Во еден момент ќе ви изгледа дека имате доволно сила за сè, а веќе во следниот ќе се чувствувате префорсирано и ќе се препуштите на обичната настинка. Пред да правите било што, зајакнете го својот имунитет. Не дозволувајте заради работа и стрес да си го запуштите телото, здравјето нема цена. Во текот на оваа пролет многу Стрелци ќе имаат шанса да пораснат и да станат посериозни, во спротивно бегањето од обврските и одговорностите може да ви донесат штетни последици. Во љубовта немате многу трпение и нежност, фокусирани сте на своите потреби, па ситуацијата нема да биде најидеална. Нешто полесна љубовна ситуација доаѓа со самиот крај на пролетта.


Јарец

Оваа пролет ќе се движите нанапред, но не многу брзо. Не може да се каже дека времето ви влијае позитивно на ентузијазмот, но во секој случај сонцето ќе ви влијае позитивно. Држете се до плановите кои ги имате зацртано. Не дозволувајте било кој да ве убеди во некои лажни вредности и да ви ветува големи работи и лесни пари - по свое искуство би требало да знаете каква завршница имаат овие ветувања. Мај ќе биде поволен за преговори, но ништо не потпишувајте до 23-ти мај. Во љубовта ве очекуваат позитивни искуства, посебно со личности од блиска околина - работното место или соседството. Ќе ви се вратат некои прекрасни емоции кои сте ги заборавиле. Не ви се брза, па затоа дајте си време и трпение да уживате во флертот и запознавањето.


Водолија

Нема да имате многу турбулентни случувања и драстични промени во текот на оваа пролет. Имате прилично стабилни очекувања во главата, фокусирани сте на своите цели во работата и покрај тоа наоѓате доволно време за дружби, излегување и привлекување на вниманието. Добро ќе се чувствувате при склопувањето на нови познанства или обновувањето на стари пријателства. Може да се каже дека конечно се враќате во елемент и нервозата која ја чувствувавте во текот на зимата полека исчезнува. Вашиот вечен оптимизам се враќа. Ако сте во брак очекувајте убави случувања во кругот на домот и семејството во текот на месец мај. Искористете го периодот до 29-ти мај, затоа што потоа може да ви се вратат некои проблеми од минатото.


Риби

Вие сте вечен сонувач и оптимист кој со убавото време гледа нови, убави прилики да започне нови поглавја. Имате големи планови за иднината, но сепак, оваа пролет не би било лошо да се спуштите на земја. Оваа пролетна фаза не ви е поволна за работа. Можете да очекувате доста притисок, што од страна на надредените, што од самите себе, затоа што ќе им робувате на големите амбиции, наместо тие да ви послужат за успех. Тешко ќе се опуштате и ќе наоѓате време за мирување. Љубовта ја оставивте некаде зад себе. Не е дека немате прилики за флерт, само не сте доволно мотивирани. Оваа пролет ќе бидете во потрага по некој добар и цврст партнер, наместо по емотивен. Попатните авантури се возможни, но нема да дозволите да ви одземат премногу време и енергија.

М. Д. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Со која техника за манипулација се користи секој хороскопски знак (и како да го разоткриете)? Близнаци - Благодарение на нивниот шарм, нема ниту да сфатите дека сте се фатиле...
6-те најмрзливи и најнепродуктивни хороскопски знаци Биковите ги ценат убавите нешта во животот и сакаат да уживаат, но поради ова ст...
Што ви предизвикува анксиозност, според хороскопскиот знак? Бик - Најважно ви е луѓето да знаат дека сте компетентни и професионални. Затоа ...
Што треба, а што не треба да прави секој хороскопски знак за време на последниот ретрограден Меркур? Биковите не треба да дозволат туѓото мислење да им ја разниша самодовербата, а С...
Какви сте кога сте лути и нерасположени, според хороскопскиот знак? Дури и кога се лути, Лавовите ќе направат сè за да бидат во центарот на внимание...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg