Крими хороскоп: Како би изгледало ако сите 12 знаци ограбуваат банка?

12 пријатели решиле да ограбат банка - што мислите како поминале? Успешно завршило ограбувањето?

organiziran-kriminal-kako-horoskopksite-znaci-ograbuvaat-banka-01.jpg

Јарецот бил поставен на чело на една реномирана банка. Како директор, решил да дојде до поголема сума на пари.

Се јавил кај неговиот пријател Бикот кој еднакво ги цени материјалните добра и договорил состанок со него, а планот го пратиле кај Девицата за да направи детална стратегија.

Организацијата „Астро пантери“, која брои 12 членови, го спровела планот во дело.

Штотуку пуштен од затвор, Близнакот заедно со Вагата исценирал расправија со портирот на банката.

Во тој момент, Овенот пристигнал одзади и го насочил оружјето кон сите присутни, додека кутриот Рак, како заложник, го „спакувале“ во багажникот на автомобилот.

Во автомобилот зад воланот чекал специјалистот за брзини - вештиот Стрелец. Рибите веќе се нашле пред трезорот, не се знае како и кога.

Пристигнала Водолијата со своите технолошки трикови да ја открие шифрата на трезорот.

Лавот за тоа време, ја следи целата акција од кровот на соседната зграда со снајпер во рацете.

Овенот и Скорпијата ги пакуваат парите, а Рибите ја користат ситуацијата, го земаат својот дел и бегаат заедно со Близнаците во непознат правец.

Девицата прецизно пресметала колкав процент од парите припаѓа на секој член од организацијата.

organiziran-kriminal-kako-horoskopksite-znaci-ograbuvaat-banka-1.jpg

Шест месеци подоцна:

Јарецот основал сопствена компанија. Бикот ужива на лежалка на плажа додека тиркизното море ги лади неговите стапала, а Лавот ми се придружува.

Стрелецот е сред море во својата нова јахта. Рибите и Скорпијата се договараат за нови „проекти“ во Лас Вегас.

Овенот го освојува Монт Еверест со својата експедиција. Ракот си купил дрвена колиба во подножјето на планина и ужива покрај каминот.

Нервозните Близнаци веќе се пред банкрот. Девицата и понатаму ги брои парите. Вагата ексклузивно промовира новa колекција на костими за капење на Armani.

Водолијата сите свои пари ги вложила во експерименти за потребите на науката и ги посетува пријателите со својот нов авион.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
Една работа со која сами си го уништувате животот, според месецот на раѓање Ако сте родени во февруари, она што најмногу ве кочи е тоа што живеете во минато...
Каква трансформација ве очекува во годината на Коњот, според кинескиот хороскоп? Куче – Во годината на Коњот ќе се ослободите од се што не ви служи и ќе се сврти...
Финансиски хороскоп за мај 2026: Кои знаци ги очекува загуба, а кои ќе имаат голема заработка? Лавови, ако се занимавате со приватен бизнис, ако работите со луѓе или ако вашат...
Полна месечина во Овен на 7 октомври ќе донесе промени на секој хороскопски знак - што да очекувате? Девици, полната месечина кај вас ќе разбуди длабоки емоционални вистини, а Рибит...
Една работа во која не верувате, но мора да ја слушнете, според хороскопскиот знак Близнаци, не сте површни како што мислите. И вие имате длабочина. Близнаци, н...

Најчитани неделава