Како секој хороскопски знак да се ослободи од насобраниот стрес?

Чувствувате умор, нервоза и безнадежност? Не сте сами, особено во претпразничниот период.

Kako-sekoj-horoskopski-znak-bi-trebalo-da-se-oslobodi-od-stresot-01.jpg

Пред да ве проголта зимската меланхолија, добрата вест е што секој астролошки знак има свој посебен механизам за справување со стресот.

Пронајдете го својот хороскопски знак и уште денес применете некој од советите:

Овен – Физичка активност

Енергијата на Овенот може да гори сјајно и жешко. Кога проблемите ќе се натрупаат, овој оган  може да излезе надвор од контрола. Решението за овој проблем е еднаквопропорционално на проблемот - кога нештата ќе се вжештат, подигнете ја температурата на телото за да одговара на онаа која ја носите духовно во себе.

Физичката активност која вклучува поголем напор и повеќе потење ги одржува Овните во одлична форма, а енергијата на завидно ниво.

Бик – Здрава исхрана

Кога стресот ќе ги вкопа своите канџи во Бикот, тој махинално се врти кон брзата храна и своите пороци. Најдобар начин да се анулира оваа состојба е да се слуша своето тело, бидејќи тоа самото ќе каже кога чувствува глад, а кога досада или стрес.

Подготвувајте си оброци со време, а кога излегувате на вечера планирајте што ќе јадете. Кога изборот на храна е квалитетен и здрав, Бикот зрачи со својата виталност и живост, а смиреноста следува веднаш потоа.

Близнаци – Квалитетни информации

Близнаците обожуваат да учат и да зборуваат. Нивниот знак е предводен од Меркур, планетата на размислувањето и комуникацијата. Кога стресот ќе ги стигне, нивниот мозок започнува да чади.

Круцијално е да добијат што е можно повеќе одговори и информации за да ја смират оваа состојба. Дискусија со пријателите, истражување во библиотека или на интернет како и консултација со доктор ќе им го врати балансот.

Рак – Комфорно гнездо за одмор

На емотивните ракови им е потребно специјално скривалиште во кое ќе одмараат. Тие се приврзани за домот, а идеалната релаксација е во простор во кој има луѓе и предмети кои им се блиску до срцето.

Тие заздравуваат од стресот кога се внесени во некој домашен проект или грижа околу некој близок, но подеднакво важно е да си одвојат време за себе. Одморот во самотија и во омиленото комфорно гнездо кое си го создале најдобро ги опоравува од стресот и проблемите.

Лав – Создавање

Лавот е креаторот или создавачот во зодијакот. Тој сака да ја споделува својата уникатна индивидуалност со светот, а за возврат да го добие неговото признание. Перфектниот начин да се смират е да создадат или да креираат нешто.

Без разлика дали е пеење песна, сликање или готвење оброк, Лавот започнува да се чувствува подобро во моментот кога создава нешто ново кое може да го сподели со светот. Ништо не е полошо за Лавот од заглавувањето во ситуација кога беспомошно зјапа во телефонот и чека да заѕвони.

Девица – Чистење

Девицата се води по девизата дека сака да го направи светот едно подобро место за живот. Кога проблемите натежнуваат, Девиците беснеат. Т

огаш ги вадат своите ракавици и средства за чистење и започнуваат со детално средување на домот. Тие веруваат дека чистиот дом ги чисти и мислите и телото, и на тој начин се опуштаат најдобро, кога создаваат ред и перфектна хармонија.

Останатите 6 знаци се на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Бик и уште 3 најромантични мажи според хороскопот Вага - Мажите родени во овој знак се верни, во секоја врска бараат хармониј...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
Кој е вашиот знак во арапскиот хороскоп и што открива за вас? Копје е првиот знак во арапскиот хороскоп и со него почнува, но и завршува годин...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
4 хороскопски знаци кои ќе откријат нова (подобра) верзија од себе ова лето Јарци, новото „јас“ кое ќе го запознаете ова лето е верзија од вас која е полна ...
Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg