Годишен хороскоп за 2017-та - Бик

Тврдоглавиот, но и трпелив Бик, секогаш е подготвен да го преживее „невремето“, а токму овие особини ќе му помогнат да ги надмине тешките периоди во 2017-та година поврзани со работата и финансиите. Ова ќе биде година на доста напори, но и адекватни награди.

godishen-horoskop-za-2017ta-bik-01.jpg

Работа и финансии

Можеби ќе се соочувате со кризи и проблеми на работен план, но не барајте непријатели на страна, посебно во вашите колеги. Најголемиот непријател кој ќе го имате ќе бидете самите вие.

Ве очекуваат премногу грижи на финансиски и деловен план, но наместо да се концентрирате на нив, најдобро е да се посветите на вашите вештини и квалитети и да верувате дека можете одлично да си ја завршите работата.

Ако сакате да заработите повеќе пари, знајте дека ќе морате напорно да работите, а напорната работа најмногу ќе ви се исплати во периодот од 6-ти мај до 31-ви јуни 2017-та година. Кредитите избегнувајте ги по секоја цена.

Љубов, семејство и социјален живот

Едно е сигурно, дека оваа година ќе добиете многу поддршка и помош од пријателите, семејството и саканите. Оваа година и романтиката цело време ќе ви биде на врв. Вашата способност да комуницирате, да се отворите и доверите на партнерот ќе допринесе во зацврстувањето на врската.

Исто така, и довербата која ја имате еден кон друг ќе игра клучна улога во вашата врска. Во периодот меѓу јуни и јули наредната година, многу е важно да бидете посебно толерантни и трпеливи со саканата личност.

Заедничкиот одмор ќе ја разбуди страста во вашата врска, советува хороскопот за Бикот, па важно е ова да го имате на ум кога ќе го планирате годишниот одмор.

Ако сте во потрага по нова љубов, побарајте ја во знакот на Девица.

Здравје

Оваа година ќе имате многу напредок кога е во прашање вашето здравје, посебно физичкото. Критичен период ќе ви биде меѓу 22-ри октомври и 8-ми декември кога ќе бидете изложени на многу стрес и ќе бидете склони кон настинки.

Јадете ја онаа храна која има за цел да ви ја подобри циркулацијата, бидејќи токму таа ви е слаба точка. Во попладневните часови пијте повеќе чаеви за да ве смират.

Би можело да ве интересира:

Три судбински промени за секој хороскопски знак во 2026-та - Што да очекувате следната година? 2026-та нема да биде година на грандиозни планови, туку на повеќе помали, внатре...
Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
Љубовен хороскоп за јуни 2026: Раковите може да ги очекува развод, Вагите „паѓаат“ на личности кои б... Голем дел од знаците може да имаат здодевна врска, исполнета со монотонија, но и...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
5 хороскопски знаци кои во 2026-та ќе го најдат својот вистински пат Скорпии, во новата година ќе ви стане јасно што е она што ве кочи во животот. Мо...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...

Најчитани неделава