Годишен хороскоп за 2017-та - Лав

Оваа година ќе има на што да бидете горди. Напорно работевте во 2016-та, па во 2017-та конечно ќе ви се исплати целиот вложен труд. Ќе ви се отворат многу нови можности, луѓето ќе ви се воодушевуваат, па можни се и нови деловни понуди.

godisen-horoskop-za-2016-ta-lav-1.jpg

За да го сочувате складот во животот, важно е да најдете баланс. Не се врти светот околу вас, запаметете го тоа.

Работа и финансии

На ова поле очекувајте бура. Промоции, признанија, внимание... сите работи кои вашиот хороскопски знак ги обожава. Ваквиот вид на успех ќе владее во текот на целата година, што е добро, имајќи ги предвид новите идеи. Можно е да продолжите проекти кои ги запоставивте во последен период.

Започнувањето на нова работа или унапредување на старата позиција е загарантирано оваа година. Најдобар совет за 2017-та е да ги држите отворени сите опции, бидејќи од тоа ќе профитирате. Ако нешто не оди како што треба, не губете време.

Првите четири месеци од 2017-та се посебно поволни за финансиски напредок.

Држете ги очите отворени во близина на Стрелец и Риби, бидејќи тие ќе ви влијаат на работата и нејзиниот тек.

Љубов, семејство и социјален живот

Љубовта понекогаш може да биде драматична. Запаметете го ова ако во 2017-та врската ви тргне наопаку. Не мора да биде ваша вина. Но, тешко е да ги сакаме другите ако поминуваме премногу време сакајќи се себеси. Морате да обрнете поголемо внимание на саканите.

Луѓето нема да имаат многу емпатија и симпатии кон вас на почетокот од годината, па важно е да се потпрете само на себе.

Најдобар период за љубов почнува од крајот на август и ќе трае до крајот на септември.

Подобрете ја толеранцијата кон партнерот, доколку сте во тазе врска, ако сакате да ја стабилизирате и продлабочите.

Здравје

Витални сте и силни, здравјето ќе ве послужи. Важно е да вежбате нешто што ве опушта. Одморот е клучот за здрава 2017-та, како и умереноста. Ако имате проблем со лош сон, задолжително треба да побарате стручен совет.

Би можело да ве интересира:

4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
Три судбински промени за секој хороскопски знак во 2026-та - Што да очекувате следната година? 2026-та нема да биде година на грандиозни планови, туку на повеќе помали, внатре...
Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
Драстичната животна промена што наскоро ве очекува, според хороскопскиот знак Ракови, ќе си ја промените перспективата за нешто важно, и тоа благодарение на л...
5 хороскопски знаци кои во 2026-та ќе го најдат својот вистински пат Скорпии, во новата година ќе ви стане јасно што е она што ве кочи во животот. Мо...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...

Најчитани неделава