Годишен хороскоп за 2017-та - Риби

2017-та година за Рибите ќе биде паричка со две страни. Успешна на поле комуникација, кариера и пари во првата половина, но во другата половина ќе биде потребно да вложите многу повеќе напор и труд за да ги одржите работите под контрола.

godisen-horoskop-za-2017-ta-ribi-1.jpg

За среќа, Рибите не се плашат од напорна работа. Добра вест е што ќе сфатите дека сите потешкотии се предизвици кои ве прават посилни и подобри.

Работа и финансии

Вашата напорна работа конечно ќе се исплати на почетокот од 2017-та, кога ќе добиете финансиско поттикнување. Среќата ќе ве прати на поле финансии, па затоа не се оптоварувајте.

Сè си доаѓа на свое место, па во ниту еден момент не мислете дека сè е изгубено, туку обидете се да ги препознаете новите можности.

Најповолен период е првиот квартал, додека во останатите ќе имате по некој ситен проблем. Ако влегувате во партнерства и договори на работното место, тоа нека биде со Вага.

Сите важни обврски завршете ги до март, бидејќи тогаш шансите за успех се близу 100%.

Љубов, семејство и социјален живот

Што се однесува до семејството, пријателите и љубовта, ќе има удобност и блискост, но ќе мора повеќе да се вложите. Во јули, во љубовта ќе се соочите со проблеми и потешкотии. Тоа ќе биде добар момент за да го процените вашиот однос.

Дали се чувствувате добро? Среќно? Ако одговорот биде не, тогаш мора да согледате што давате, а што добивате за возврат.

Септември и октомври се исто така критични месеци за комуникација и меѓучовечки односи,  но мора да имате поголема верба и нежност.

Бидете потолерантни и повнимателно гледајте кон личностите во знакот на Вага, Девица или Бик. Ако барате нова љубов, тие се идеалните знаци.

Најдобар период за љубов дефинитивно ќе биде месец јануари.

Здравје

Не дозволувајте задоволствата да ви го нарушат здравјето. И покрај успесите кои ќе ги доживувате на почетокот од годината, бидете умерени во сè. Можни се стресни денови, анксиозност и депресија доколку патите од лош сон. Тоа нека ви биде првиот знак дека треба нешто да промените или да посетите лекар.

Би можело да ве интересира:

Три судбински промени за секој хороскопски знак во 2026-та - Што да очекувате следната година? 2026-та нема да биде година на грандиозни планови, туку на повеќе помали, внатре...
Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
Годишен хороскоп за 2026: Стрелец 2026 година за Стрелците носи длабоки промени, освестување и нови можности, при ...
Една навика од која треба да се ослободите пред крајот на 2025-та, според хороскопскиот знак Риби, голем дел од времето мечтаете и упорно бегате од проблемите. Ако сакате 20...

Најчитани неделава