Искрен хороскоп: Дали животот со вас е борба или бајка?

Секој хороскопски знак си има свои мани и недостатоци, меѓутоа и позитивни страни заради кои останатите го обожаваат.

iskren-horoskop-dali-zivotot-so-vas-e-borba-ili-bajka-001.gif

Зависно од тоа што доминира кај вас, многу лесно може да откриете дали луѓето околу вас живеат во бајка или во постојана борба со вашиот карактер.

Бидете искрени кон себе и без лутење:

Овен

Иако е огнен знак, Овенот ужива во животот како риба во вода, бидејќи сака предизвици, неочекувани промени и натпревари, и тоа им доаѓа малку тешко на луѓето кои се обидуваат да го следат во чекор. Доколку некој се обиде да го совлада или смири импулсивниот Овен, нема да добие милост, бидејќи Овенот секогаш мора да биде победник.  Затоа заклучуваме: ако сакате да доминирате, очекувајте многу борби со Овните. Ако сте решени да бидете „потчинети“ и мирни - очекувајте бајка.

Бик

Животот може да биде и тоа и тоа, но кога животот е убав, Бикот знае да ужива во тоа до максимум. Кога не е, тогаш Бикот ја покажува својата цврста црта на својот карактер која се вика упорност. Заради таа особина, знае да се бори, но за другите да создаде бајковит амбиент. Мотивиран е кога е во хармонија со сите, па се обидува постојано да ја одржи. Борбите во животот не му се омилениот дел, бидејќи тогаш е немирен, а тоа не му одговара.

Близнаци

За нив животот во главно е игра, па интелигентните Близнаци постојано пливаат низ животните бури и олуи, по што како мачки цврсто застануваат на четири нозе. Знаат да си ги наредат работите така што околината ќе им се восхитува, и не многу се грижат дали вие мора да се борите или да уживате со нив. Без многу напор стигнуваат до „својот дел од колачот“, и не многу мислат за туѓите емоции. Во суштина, се плашат од неуспех, но тој свој страв го кријат со духовитоста. Доколку немате исти цели, животот со нив може да биде бајка.

Рак

Кога животот би бил бајка, тоа би било најубаво за по малку егоцентричните Ракови, кои во суштина се обидуваат да го достигнат овој идеал. Комформисти се, умеат да се прилагодат, но и да се заинатат баш тогаш кога не е потребно. Сè додека ја имаат поддршката од блиските и саканите, не чувствуваат потреба и намера да се борат.

Лав

Детинести се и сакаат бајки, но токму затоа знаат да се борат како прави витези, рамо до рамо со Овните, Скорпиите и Јарците - најголемите борци во Зодијакот. Тешко дека некој ќе ги надитри и ќе биде подобар од нив, бидејќи се водат по правилото целта ги оправдува средствата. Само ако се на тронот и се чувствуваат екстремно важни и неопходни, животот со нив може да биде бајка.

Девица

Девиците се по малку неодлучни и се колебаат пред животните предизвици. Не се склони на сонување и фантазирање, па се посветени на тоа да размислат сè чекор однапред. Девиците се навистина напорни бидејќи сакаат сè да предвидат и невозможно е со нив да живеете во бајка и спонтано. Не сака изненадувања, односно ги презира, ако работите почнат да се движат надвор од нејзина контрола, подгответе се за бурни денови и ноќи.

Уште 6 знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
5 хороскопски знаци кои во 2026-та ќе го најдат својот вистински пат Скорпии, во новата година ќе ви стане јасно што е она што ве кочи во животот. Мо...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
Какво детство сте имале, според хороскопскиот знак на вашата мајка? Ако вашата мајка е родена во знакот на Стрелец, тогаш вашето детство била една д...

Најчитани неделава