Искрен хороскоп: Дали животот со вас е борба или бајка?

iskren-horoskop-dali-zivotot-so-vas-e-borba-ili-bajka-2.gif

Вага

Животот за неа и со неа е вечна борба. Сака да доминира и да го извлече максимумот од животот, подготвена е на компромиси и откажувања кои ѝ го ризикуваат емотивното задоволство. Поради тоа, љубовните бајки со Вагата се невозможни. Често и се случува да ги „помеша лончињата“ бидејќи сака многу работи одеднаш, па да навлезе во неразумни битки. Најлесно ќе доживеете бајка со Вагата доколку сте моќна и влијателна личност.

Скорпија

Самоуверената Скорпија верува исклучиво во борбите кои имаат за цел да и донесат подобро и поубаво утре. Ќе се наметне над другите, затоа што е свесна за своите можности, па главно сите конци сака да се во нејзини раце. Честопати е ладнокрвна и со претерано голема самодоверба, бидејќи знае дека е во право. Своите намери не ги открива никогаш, па доколку решите да бидете во нејзина близина, подгответе се за таинственост и не многу емоции.

Стрелец

Амбициозниот и љубопитен Стрелец се пробива со разум и логика низ животот, но бидејќи е фантазер, може да се лизне од патот и да почне да ужива во бајка без размислување. Сепак, бидејќи најмногу ја сака својата независност, кога-тогаш ќе се врати на патот на борбите и војувањата за повисоки достигнувања. Ако доживее пораз брзо се опоравува бидејќи е практичар. Од него не очекувајте ниту бајка ниту битка, бидејќи и самиот не може да ви гарантира што ви нуди.

Јарец

Контрадикторниот Јарец е амбициозен и подготвен на речиси се за да заслужи признание. Од тука може да заклучите - бајката е невозможна. Борбата е составен дел од неговиот живот, па со што и да се занимава мора да биде во трка со времето и луѓето околу него. Се плаши романтиката и емоциите да не го разочараат, па никогаш не ја разоткрива длабочината на своите емоции.

Водолија

Дрската Водолија храбро чекори низ животните битки и не се плаши од ништо, освен од едно - да ја изгуби независноста. Иако не би се рекло дека шефува, секогаш се наоѓа на одговорни места и позиции. Комуникативна е и шармантна, Водолијата сака да ризикува за да живее во самостојна бајка. Романтичните бајки не ја интересираат многу. Сепак, борби сигурно нема да води, освен ако не ја сакате нејзината позиција.

Риби

Малку флегматичните, но амбициозни Риби знаат да бидат практични и прилагодливи, но главно за заработка. Ретко, но се случува да чекаат работите да им „паднат од небо“, па затоа не важат за некои големи борци. Во љубовта сакаат романтика и бајки, па како најголема скапоценост ја чуваат личноста која ја сакаат. Животот со нив не е тежок предизвик, сè додека не барате постојана активност и иницијатива.

М. Д. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
5 хороскопски знаци кои во 2026-та ќе го најдат својот вистински пат Скорпии, во новата година ќе ви стане јасно што е она што ве кочи во животот. Мо...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
Какво детство сте имале, според хороскопскиот знак на вашата мајка? Ако вашата мајка е родена во знакот на Стрелец, тогаш вашето детство била една д...

Најчитани неделава