Годишен хороскоп за 2018-та - Вага

Во оваа година мора да обрнете повеќе внимание на здравјето, додека не е доцна. За почеток неопходна ви е здрава диета и повеќе физички активности. Штом ќе имате некој поголем проблем, нагло ќе накачувате тежина. Но, силната волја може сè да надмине.

godishen-horoskop-za-2018-ta-vaga-001.jpg

За оние кои се во брак или долга врска, почетокот на летото носи многу нестабилности, кавги и непотребно груби зборови. Ако врската не функционира подобро е да ја завршите на време. Животот оди понатаму.

На работното место многу од работите ќе ви одат од рака. Ќе влезете во една неизвесна работа која за среќа ќе заврши добро. Но, следен пат не се впуштајте во непроверени проекти.

2018-та е година кога мора повеќе да се посветите на себе, наместо да ги задоволувате потребите на луѓето околу вас. Бидете фокусирани на своите идеали.

Работа и финансии

Првата половина од годината е стабилна и не ви носи некои поголеми промени, што се однесува до работата и финансиите. Ќе бидете задоволни од текот на настаните.

Но, во вториот дел од годината ќе ви се укаже една несигурна прилика и може да се случи добро да профитирате од неа, ако имате среќа. Сепак, би требало да бидете внимателни бидејќи еден погрешен чекор може да ви донесе огромен неуспех.

Дајте им поголема важност на вашите интереси и хобија, бидејќи некои од нив може да ви донесат звучно име и слава.

Не се плашете да барате услуга, зголемување на платата или трансфер на друго место – нема да добиете ништо ако не го побарате директно.

Љубов

Првиот дел од 2018-та не ви носи некои огромни промени, но веќе како што се наближувате кон средината на годината, очекувајте одлучувачки ситуации.

Многу Ваги ќе мора да одлучат што понатаму, дали ќе останат со личноста која долго време мислат дека им е судена или сепак е време да побарате повеќе среќа со ново лице.

Ќе имате поголемо разбирање за партнерот и тоа ќе ви дозволи да воспоставите близина која веќе некое време ви недостасува. Интензивната страст и романса нема да бидат скратени.

На сите Ваги им се советува да избегнуваат импулсивни акции во љубовта.

Зафатените Ваги на пролет може да доживеат површен флерт на работното место, но тоа нема драстично да влијае на нивната врска или брак. Пролетта ќе биде период за тестирање на врската. Од јули започнува емотивно мирен период, а веќе во август може да очекуваат брачни понуди.

Слободните Ваги ќе тежнеат кон хармонија и складна љубов, а 2018-та ќе им ги истренира нервите и издржливоста, бидејќи дури на крајот од годината следува период за поволно емотивно поврзување и оптимизам. Во меѓувреме, може да влезете во кратка авантура со повозрасна личност од вас.

Здравје

Нивото на енергија ви е одлично и во првото тримесечје од годината нема да чувствувате замор или било каков друг здравствен проблем.

На почетокот од април работите малку ќе се променат и ќе мора повеќе да размислувате на менталното здравје и душевниот мир.

Би можело да ве интересира:

Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Хороскопските знаци рангирани според нивната среќа – Близнаците се најголем баксуз Скорпии, дефинитивно ве следи среќа, но единствениот проблем ви е што некогаш не...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Годишен хороскоп за 2024: Овен Во 2024-та, Овните ќе имаат можност за значителен напредок на професионално поле...
Кинески хороскоп за 2024-та: Што ве очекува во годината на змејот? Кој ќе доживее духовно будење, а кој ќе се соочи со финансиски проблеми? Кој ќе ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg