Како реагираат знаците кога некој ќе им каже дека се убави?

Сите различно реагираме на комплименти. Некои се вцрвенуваат, други ги прифаќаат со едно обично благодарам како потврда.

Kako-reagiraat-znacite-koga-nekoj-ke-im-kaze-deka-se-ubavi-01.jpg

На некои пак не им се верува што слушнале, што упатува на фактот дека се прилично несигурни во себе или пак не сакаат ласкави зборови.

Како вие реагирате кога некој ќе ви каже дека сте убави?

ОВЕН

„Добро. Благодарам“.

Овенот кусо ќе се заблагодари без поголеми објаснувања или дополнувања. Можеби ќе ви изгледа збунето, но верувајте дека воопшто не е. Всушност, тој потајно веќе знае за квалитетот кој го поседува, а дали вие ќе го истакнете или не, не му прави воопшто разлика.

БИК

„Хаха, фина шега. Престани да се занесуваш“.

Бикот обично не прифаќа ласкави комплименти поврзани со надворешната убавина, бидејќи тоа за него е по малку плитко, површно размислување. Како некој што најмногу ги цени личните придобивки, Бикот повеќе ќе се израдува доколку дадете комплимент за нешто што го заработил или купил без ничија помош.

БЛИЗНАЦИ

„Поубав/а сум од тебе, тоа секако“.

Близнаците ќе го свртат комплиментот на шега (а за нив секоја шега е повеќе од половина вистина). Сепак, најмногу од сè сакаат друштво, добра комуникација и многу забава, не е важно дали некој ја истакнал нивната убавина или пак не.

РАК

„Драго ми е што мислиш дека сум убав/а“.

Ракот ќе го прифати комплиментот навидум скромно и смирено, додека во него беснее бура од емоции. Тој е можеби знакот кој најмногу бара самопотврда од останатите околу него. Комплиментите му годат, иако ќе ги дочека со мала вцрвенета насмевка.

ЛАВ

„Знам!“

Кажале вие или не, Лавот веќе знае дека е најубав во целата просторија. Тој има најубава кожа, најсјајни очи и секако – најубава коса. Најсреќни се кога им се обрнува внимание, комплиментите поврзани со убавината не се никаков исклучок.

ДЕВИЦА

„Не, всушност, имам огромна акна на лицето и е прилично гадна“.

Девицата ќе ве опомене да внимавате на деталите, онака како што е навикната да го прави тоа. Ретко која Девица може да се избори самата со себе и да научи дека не мора да биде совршена за другите да ја сакаат. Тие ве сакаат онакви какви што сте, не ситничарите.

Уште 6 знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
Најголемата грешка што ја правите во љубовта, според месецот на раѓање Оние кои се родени во декември, секогаш бараат проблеми, додека родените во јану...
Зошто не најдовте љубов во 2025-та, според месецот на раѓање? Вашата тврдоглавост, вашите преголеми амбиции или стравот дека ќе бидете повреде...
Една уникатна особина која ви е како тајно оружје, според месецот на раѓање Март – благодарение на вашата изразена интуиција, некогаш делувате како видовита...
Една ваша особина што најмногу ги плаши другите, според месецот на раѓање Ако сте родени во април, вие сте избувлива личност и другите не сакаат да бидат ...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...

Најчитани неделава