Според хороскопскиот знак: Зошто луѓето чувствуваат страст, но не се вљубуваат во вас?

spored-horoskopskiot-znak-zosto-lugjeto-cuvstvuvaat-strast-no-ne-se-vljubuvaat-vo-vas-2.jpg

Вага

Луѓето ги привлекувате благодарение на шармот, но по извесно време тој не е доволен за да ги задржите. Лесни сте за разговор и разбирање, но премногу барате за да се зближите со некој. Не сакате да бидете сами, па лесно станувате зависни од потенцијалниот партнер, што не е привлечно.

Скорпија

Луѓето чувствуваат страст кон вас бидејќи не се плашите да го кажете она што го мислите. Се цени вашата искреност, но вашата љубомора ви создава проблеми. Често сте љубоморни зошто другите имаат нешто повеќе од вас, и тоа никако не е симпатично и привлечно.

Стрелец

Луѓето чувствуваат страст и физичка блскост со вас бидејќи имате теми за разговор, благодарение на авантуристичкиот дух и работите кои сте ги направиле во животот. Желбата за истражување и немирниот дух ви помага да се поврзете со луѓето, но не за долго. Сите веднаш помислуваат дека не барате ништо сериозно и поради тоа не нудат емотивно поврзување.

Јарец

Луѓето имаат страсни мисли кон вас бидејќи точно знаете што сакате и не се плашите тоа да го побарате. Упорни сте кога сте заинтересирани, но исто така не се плашите да кажете кога не сте. Не знаете да лажирате емоции и тоа честопати ги пресекува туѓите емоции. Љубовта не ви е приоритет во животот и токму поради тоа луѓето се плашат да развијат нешто повеќе од страст.

Водолија

Луѓето развиваат привлечност кон вас бидејќи сте мистериозни. Интелигентни сте и постојано сакате да учите нови работи, но исто така сте и многу резервирани и скептични, поради што другите не знаат како да се однесуваат во ваша близина. Потребно е челично трпение за страста да се претвори во љубов со вас.

Риби

Луѓето чувствуваат страст бидејќи се гледа дека вие самите вложувате страст во сè што правите. Сакате да раскажувате за забавните искуства и хобија кои ги имате, па тоа на моменти може да ги исплаши другите и да почувствуваат дека не се доволно „кул“ за вас. Почесто ве доживуваат како инспиративна муза за која би пишувале песни, отколку да ја планираат иднината со неа.

М. Д. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
4 хороскопски знаци кои ќе откријат нова (подобра) верзија од себе ова лето Јарци, новото „јас“ кое ќе го запознаете ова лето е верзија од вас која е полна ...
4 хороскопски знаци кои потајно љубоморат на туѓиот успех Водолии, го давате максимумот за да се фокусирате само на себе и да си ја „гледа...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg