Овните се брутално искрени, Близнаците родени за актери: Кои знаци (не) глумат во секојдневието?

Некои знаци не умеат да го задржат мислењето исклучиво за себе. Затоа и секогаш се јасни и директни во комуникацијата со луѓето. Од друга страна, постојат и такви кои се како намачкани со сите бои. Толку добро им оди глумата, што дури и професионални актери би им позавиделе. Се разбира – сите имаат посебни мотиви.

ovnite-se-brutalno-iskreni-bliznacite-rodeni-za-akteri-koi-znaci-ne-glumat-vo-sekojdnevieto-1.png

Од текстот во продолжение, дознајте кои се хороскопските знаци што (не) глумат во секојдневието:

Овен

Овните се толку отворени и директни, што може да се прогласат и за најискрениот хороскопски  знак. Некои дури би рекле и дека се предиректни, бидејќи воопшто немаат кочници. За нив важи изреката: „Што на ум – тоа на друм.“. И кога вистината е најболна, тие сеедно ќе ја кажат, носејќи се потоа со сите последици. Обидите да бидат дипломатични во работното окружување, пак, неретко им се неуспешни, затоа што ќе пукнат ако не го изговорат она што го мислат. А, ова знае да им донесе прилично големи и долгорочни проблеми.

ovnite-se-brutalno-iskreni-bliznacite-rodeni-za-akteri-koi-znaci-ne-glumat-vo-sekojdnevieto-2.jpg

Бик

Биковите се приземни, свесни за себе и без потреба да глумат. Умеат да бидат галантни и шарманти, ама само затоа што такви се одвнатре. Ниту би можеле, а ни би сакале нереално да се претставуваат. Со нив секогаш сте на чисто, па луѓето со кои другаруваат точно знаат на што се. Тврдоглавоста, која важи за една од најизразените особини на овој знак, воедно е и причината зошто неговите претставници не се добри глумци. Кога тие ќе се закачат за нешто, нема да го пуштат ни под разно. А, со толкава насоченост кон нештата, тешко дека ќе го прилагодат своето однесување.

Близнаци

Близнаците се познати по дволичноста. Заедно со неа оди и способноста за лажење, мамење и преправање. Тие го имаат ова во себе, па не во прашање нивна желба да глумат, како што многумина сметаат. Окарактеризирани се како личности кои цело време нешто матат, првенствено заради неодлучноста и постојаното менување на мислењата. А, лажното претставување, во кое се извонредно добри, претставува главната причина зошто се толку популарни на забавите. Умешни се да најдат заеднички јазик во комуникацијата со сите луѓе.

ovnite-se-brutalno-iskreni-bliznacite-rodeni-za-akteri-koi-znaci-ne-glumat-vo-sekojdnevieto-3.jpg

Рак

Раковите се мошне директни и отворени. А, кога се работи за чувствата – немаат страв да ги покажат. Понекогаш би сакале да можат своите емоции да ги сокријат од целиот свет. Ама, тие не се такви личности. На сите околу нив им е јасно како се чувствуваат и низ што поминуваат во секое време.

Лав

Поради цврстината и ведрината, повремено се чини како да глумат, а под површината се крие нешто сосема друго. Меѓутоа, не е така. Лавовите не кријат ниту една нивна страна, па дури ни најлошата. Напротив. Горди се во целост на сопствениот карактер. Свесни се за своите доблести и мани – и тоа ги прави почовечни.

ovnite-se-brutalno-iskreni-bliznacite-rodeni-za-akteri-koi-znaci-ne-glumat-vo-sekojdnevieto-4.jpg

Девица

Девиците се точно такви како што сите во окружувањето ги гледаат и перципираат. Тие ниту имаат време, а ни сакаат да создадат лажен впечаток за себеси. Неретко може да кажат или направат нешто погрешно. Меѓутоа, не се доволно надарени за глума, па истото да го свртат во своја корист. Ако им побарате искрено мислење – тогаш и ќе го добиете – објаснето и аргументирано. Не затоа што се лоши личности, туку бидејќи сметаат дека секој човек заслужува да ги знае нивните причини.

Уште 6 знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
7 месеци во кои се родени луѓето што не знаат да излажат (дури и ако пробаат) Родените во април се искрени до крајност. Отворено го кажуваат она што сите го м...
Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
Драстичната животна промена што наскоро ве очекува, според хороскопскиот знак Ракови, ќе си ја промените перспективата за нешто важно, и тоа благодарение на л...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...

Најчитани неделава