Според хороскопскиот знак: Каков тип на маж е идеален за секоја жена?

Припадничките од понежниот пол имаат различни вкусови кога се партнерите во прашање. Додека едни лудуваат по опасни фраери, другите имаат очи само за нежни романтичари. Зошто?

spored-horoskopskiot-znak-kakov-tip-na-mazh-e-idealen-za-sekoja-zhena-1.png

Одговорот е запишан во ѕвездите. Астролозите тврдат дека „господинoт совршен“ има драстично различни карактеристики, зависно од тоа во која од четирите групи припаѓаат девојките.

Еве каков тип на маж е идеален за секоја жена според хороскопскиот знак:

Водени знаци – Рак, Риби, Скорпија

Водените знаци важат за мошне спонтани личности. Тие секогаш се подготвени за акција. Истите карактеристики ги ценат и кај потенцијалните партнери. Ако сте жена родена во некој од овие знаци, тогаш потребен ви е маж што е љубител на патувања, авантури и излегувања. Партнер што непланираните излети за викенд ќе ги обожава подеднакво како и вие.

spored-horoskopskiot-znak-kakov-tip-na-mazh-e-idealen-za-sekoja-zhena-2.jpg

Огнени знаци – Лав, Овен, Водолија

Фините и добродушни мажи едноставно не ги привлекуваат жените претставнички на трите огнени знаци. Ним далеку позанимливи им се „лошите“, па дури и „опасни“ момци, кои ќе внесат повеќе возбуда и адреналин во љубовната врска. Меѓутоа, бидете внимателни да не наидете на навистина проблематичен тип. Со таквите и стресот е неизбежен.

spored-horoskopskiot-znak-kakov-tip-na-mazh-e-idealen-za-sekoja-zhena-3.png

Воздушни знаци – Близнаци, Вага, Водолија

Воздушните знаци тешко донесуваат одлуки. Ова попрво ѝ го препуштаат на втората половина. На жените што припаѓаат во оваа група, неопходни им се силни и доминантни мажи, кои преземаат иницијатива и заштитнички се однесуваат кон нив. Партнер на кого ќе може да се потпрете, а со текот на времето, ќе ви помогне и вам да си ја надградите самодовербата.

spored-horoskopskiot-znak-kakov-tip-na-mazh-e-idealen-za-sekoja-zhena-4.jpg

Земјени знаци – Девица, Бик, Јарец

Материјалната сигурност е од особенa важност за земјените знаци. Затоа и најмногу „паѓаат“ на успешни партнери кои ќе можат да им ја обезбедат. Останатите вредности обично паѓаат во втор план. Сепак, ако и самaтa сте еднa од нив, парите и кариерата не би требало да ви бидат приоритет, туку само дополнителни квалитети при изборот на маж.

spored-horoskopskiot-znak-kakov-tip-na-mazh-e-idealen-za-sekoja-zhena-5.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бик и уште 3 најромантични мажи според хороскопот Вага - Мажите родени во овој знак се верни, во секоја врска бараат хармониј...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Финансиски хороскоп за септември 2023: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат проблем со парите? Скорпија - До крајот на септември ќе успеете нешто да заштедите, но немате довол...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Љубовен хороскоп за јули 2023: Бикoви – ќе се впуштите во страстна авантура, Скорпии – не правете љу... Лав - Ако сте слободни, во јули ќе сакате да шетате, да се забавувате и да ...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg