6 знаци кои немаат доверба во никого, според астрологијата

Тие се силни, независни, самостојни и ретко кога сопствената доверба ќе му ја доверат на некој друг. Не веруваат никому, освен на самите себе. Сепак, ова е преголем товар и на моменти станува навистина тешко – фактот дека не можеш да се потпреш на никој друг, освен на себеси.

6-znaci-koi-nemaat-doverba-vo-nikogo-01.jpg

Кои се шесте знаци кои немаат доверба во никого, според хороскопот?

ДЕВИЦА

Тие функционираат како самопрогласени судии во животот. Повеќе од очигледно е дека одбрале да не веруваат никому, бидејќи се убедени дека на тој начин ќе бидат помалку повредени и нема да почувствуваат никаква болка.

Сепак, оваа одлука не им паѓа многу тешко. Се чини дека на овој начин функционираат подобро, кога сите конци ги држат во своите раце, без потребата да се потпрат на некого.

БЛИЗНАЦИ

Иако за нив важи правилото дека се личности со две лица, кога станува збор за Близнаците – ниту една од нивните две различни страни не верува никому. Тие сакаат да им веруваат на другите, но искуството им покажало дека најчесто луѓето не се вредни за нивната доверба.

Близнаците, сепак, претпочитаат себеси да се нарекуваат „внимателни“ отколку „недоверливи“.

СТРЕЛЕЦ

Етикетирани како „најнаивниот“ знак во зодијакот, Стрелците се особено внимателни кога треба својата доверба да ја стават во рацете на некој друг. Затоа, најчесто не ни помислуваат да го сторат тоа, со цел да не бидат повторно изиграни и наречени наивни.

Потребно им е навистина долго време да закрепнат од некој што ги прелажал, па постојано си го повторуваат истото – зошто воопшто да се трудам да верувам некому?

ЛАВ

Сосема вообичаено за огнен знак, Лавовите се страсни и со борбено срце. Она што особено го мразат е предавство, некој што мисли дека може да ги залаже и личност која е подготвена да ја предаде нивната скапоцена доверба.

Кога ќе се случи ова, Лавот ги крева своите заштитни ѕидови уште повисоко, цврсто убеден дека на овој свет може да му верува само на една личност – себеси.

ОВЕН

Да се биде Овен во хороскоп, значи да ви поминуваат илјадници мисли во умот и постојано да ги анализирате работите до смрт. Кога претерувате со анализите, значи дека смислувате и стотици параноични сценарија, а голем дел од нив се инсценирани да ве повредат.

Иако Овните се многу аналитични, разгледувањето на премногу варијабли ги води до заклучокот дека на луѓето едноставно не смее да им се верува.

СКОРПИЈА

Ова е знакот што сака ред, перфекција и совршени резултати. Со цел да го постигне сето ова, Скорпиите се убедени дека си се доволни самите на себе. Токму затоа не преферираат тимска работа, туку повеќе сакаат да ги водат работите самостојно.

Кога Скорпијата ќе реши дека не може да ви верува, целосно ве исклучува од животот.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
4 хороскопски знаци кои ќе откријат нова (подобра) верзија од себе ова лето Јарци, новото „јас“ кое ќе го запознаете ова лето е верзија од вас која е полна ...
Кој е вашиот знак во арапскиот хороскоп и што открива за вас? Копје е првиот знак во арапскиот хороскоп и со него почнува, но и завршува годин...
Која секси игра на улоги му е омилена на секој хороскопски знак (и зошто)? Во голем број текстови се спомнува секси играта на улоги како начин да ѝ дозволи...
Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg