Како да препознаете што се во хороскоп луѓето околу вас?

Оние коишто не веруваат во хороскоп не можеме да го обвиниме премногу. Невозможно е сите луѓе коишто живеат на планетата да бидат класифицирани во „само“ 12 типови според зодијакот.

Kako-ke-prepoznaete-sto-se-vo-horoskop-lugjeto-okolu-vas-01.jpg

Сепак, постојат одредени карактеристики според кои понекогаш лесно може да препознаете што е некој во хороскоп. Еве кои се тие:

Овен – цврсти ставови, мислења кои не ги менува за ништо на светот, а неретко ве прекинува во зборувањето без воопшто да го забележи тоа.

Бик – зборува јасно, динамично, со добра дикција. За поголемиот дел од луѓето е премногу саркастичен. Вечно гладен и во потрага по најдоброто јадење во градот.

Близнаци – прави премногу фацијални експресии, гестикулира и најчесто мавта со рацете. Постојано се движи додека зборува. Сака да озборува и да гледа сеир.

Рак – постојано се грижи за нешто. Најчесто изгледа како да е на раб на солзи и дека секој момент може да се расплаче.

Лав – се смее многу и секогаш е расположен за шега. Не сака да гледа несреќни и негативни луѓе и веднаш се дистанцира од нив.

Девица – има мислење и коментар апсолутно за сè! Мисли дека е подобра во многу работи од останатите и нема проблем да го покаже тоа.

Вага – најмрзлива од сите луѓе околу вас, иако сака да се покаже како вредна и експедитивна. Постојано ѕирка во огледалото и проверува како изгледа, да не ѝ се расипала шминката.

Скорпија – конфронтирањето со луѓето околу неа го прави од чиста забава. Сосема можно е да делите ист став околу нешто, но од инает ќе се преправа дека има спротивно мислење, само да ве изнервира.

Стрелец – јазик побрз од мозокот. Кажува сè што ќе му падне на памет, а подоцна не сфаќа зошто некои луѓе се толку големи лутковци и немаат смисла за хумор,

Јарец – се жали на сите работи околу него, битни и небитни. На крајот ја презема контролата во свои раце и средува сè под конец.

Водолија – „Гледам луѓе околу мене, но никаде човек“. Ќе ги препознаете по оваа реченица и како постојано се жалат за недостатоците на денешното современо општество.

Риби – полузаспани, не знаеш дали се будни или сè уште дремат. Си потпевнуваат своја измислена песничка која на сите им оди на нерви, а Рибите воопшто не го забележуваат тоа.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
5 работи што му го кршат срцето на секој хороскопски знак – што најмногу ги боли? Бик - Непосакуван крај – тие ги држат до последно конците, а срцето им се крши к...
Драстичната животна промена што наскоро ве очекува, според хороскопскиот знак Ракови, ќе си ја промените перспективата за нешто важно, и тоа благодарение на л...
Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
5 хороскопски знаци кои во 2026-та ќе го најдат својот вистински пат Скорпии, во новата година ќе ви стане јасно што е она што ве кочи во животот. Мо...

Најчитани неделава