Што ви недостасува во сексуалниот живот според хороскопскиот знак?

Дали чувствувате потреба да го зачините сексуалниот живот? Летото е одличен период за нови, жешки авантури помеѓу чаршафите.

Sto-vi-nedostasuva-vo-seksualniot-zivot-spored-horoskopskiot-znak-01.jpg

Што му недостасува на вашиот сексуален живот според хороскопскиот знак?

Овен

Ентузијазам. Малку повеќе преземање самоиницијатива и секако, да не гледате постојано во часовникот додека трае сексуалниот однос. Има време, ќе стигнете да ги завршите сите обврски, сексот не мора да биде трка која треба да заврши со минимално време.

Бик

Спонтаност. Нема потреба секој однос да биде детално испланиран, закажан во точно време и на определено место. Најдобриот секс се случува спонтано, сосема непланирано. Опуштете се, нема потреба сè да држите под контрола.

Близнаци

Авантура. За вас најдоброто место за секс е вашиот кревет и спалната соба. Ретко сакате да излегувате од својата комфорна зона. Но, предноста на летото и високите температури е тоа што сексот може да го префрлите и на друга локација и да уживате дури и повеќе.

Рак

Реципроцитет. Во принцип, треба да „давате“ онолку колку што и добивате во кревет. За време на летниот период вообичаено ве фаќа некоја летаргија и мрза, која дефинитивно треба да ја победите. Потрудете се да го задоволите партнерот онолку колку што тој ве задоволува вас.

Лав

Константност. Може да се случи да имате секс 3 пати во денот, а следните 3 недели воопшто да не помислите на секс. Во секој случај многу подобро е доколку сте константни во поглед на ова прашање. Умерената доза, но во редовно консумирање е подобра отколку претераната со ретка консумација.

Девица

Непредвидливост. Слично како кај Близнаците и вие сакате сè да биде испланирано до совршенство за време на сексот. Постелнината, свеќите, музиката, долната облека… не мора сè да биде под конец за совршен секс. И не, апсолутно не мора секогаш да се сте истуширани за активноста.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Најголемата грешка што ја правите во љубовта, според месецот на раѓање Оние кои се родени во декември, секогаш бараат проблеми, додека родените во јану...
Зошто не најдовте љубов во 2025-та, според месецот на раѓање? Вашата тврдоглавост, вашите преголеми амбиции или стравот дека ќе бидете повреде...
Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
Една уникатна особина која ви е како тајно оружје, според месецот на раѓање Март – благодарение на вашата изразена интуиција, некогаш делувате како видовита...
Една работа што хороскопските знаци никогаш не ја простуваат во љубовта Иако Близнаците уживаат во дебати и разговори, мразат кога некој ги провоцира, с...
Една ваша особина што најмногу ги плаши другите, според месецот на раѓање Ако сте родени во април, вие сте избувлива личност и другите не сакаат да бидат ...

Најчитани неделава