Што ви недостасува во сексуалниот живот според хороскопскиот знак?

Вага

Трпение. Сексот понекогаш може да биде кратко, но слатко уживање, а понекогаш може да трае со часови. Вие си го цените времето и сакате тој да биде брз и ефективен. Но, дадете си малку повеќе време, бидете трпеливи. Ќе се изненадите од она што следува.

Скорпија

Страст. Можеби се изненадивте што ви недостасува страст во сексот, особено бидејќи сте еден од најстрасните знаци во Зодијакот. За вас сексот е точно утврдена рутина, рецепт кој ретко се менува доколку е добар. Но, дури и во добриот секс се потребни мали модификации понекогаш.

Стрелец

Отворен ум. За вас постојат неколку табу-теми во сексот кои ретко сакате да ги дискутирате. По малку сте конзервативни на темата и сметате дека овие работи не се дискутираат со никого. Доколку малку го отворите умот ќе пронајдете нова инспирација и нови предизвици за испробување.

Јарец

Интимност. Да, после сексот добро е да се остане барем уште неколку минути и да се погалите со партнерот во креветот. Тие 5 минути може да бидат круцијални за вашата интима. Тие понекогаш откриваат многу повеќе за вас двајцата отколку долги, бесцелни разговори и дебати.

Водолија

Комуникација. Партнерот не умее да ги чита вашите мисли, ниту пак вие неговите. Доколку сакате да си остварите некоја сексуална желба мора да пронајдете начин тоа да му го кажете, макар напишано на ливче или во порака. Добрата комуникација е еден од клучните фактори за одличен секс.

Риби

Предигра. Понекогаш толку многу брзате да го остварите чинот, што заборавате на најсекси делот – предиграта. Дадете си малку време, одложувајте го моментот на задоволството што е можно подолго и почувствувајте ја разликата на сексот со долга, жешка предигра и на тој без него.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Најголемата грешка што ја правите во љубовта, според месецот на раѓање Оние кои се родени во декември, секогаш бараат проблеми, додека родените во јану...
Зошто не најдовте љубов во 2025-та, според месецот на раѓање? Вашата тврдоглавост, вашите преголеми амбиции или стравот дека ќе бидете повреде...
Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
Една уникатна особина која ви е како тајно оружје, според месецот на раѓање Март – благодарение на вашата изразена интуиција, некогаш делувате како видовита...
Една работа што хороскопските знаци никогаш не ја простуваат во љубовта Иако Близнаците уживаат во дебати и разговори, мразат кога некој ги провоцира, с...
Една ваша особина што најмногу ги плаши другите, според месецот на раѓање Ако сте родени во април, вие сте избувлива личност и другите не сакаат да бидат ...

Најчитани неделава