Зошто е добро да бидете во врска со вашиот спротивен хороскопски знак?

Досега безброј пати имаме слушнато дека спротивностите се привлекуваат. Но, и ова не е секогаш лесно. Секој што бил во врска со личност спротивна на него знае колку труд треба да се вложи во неа.

zoshto-e-dobro-da-bidete-vo-vrska-so-vashiot-sprotiven-horoskopski-znak-01.jpg

И во астрологијата постои оваа спротивност. Во хороскопот постојат космички парови наречени поларитети и се всушност хороскопските знаци кои се спротивни едни на други. Односно, ова се парови од знаците кои се оддалечени за 6 места, како Овен, првиот знак од зодијакот, и Вага, седмиот знак. А изгледа дека токму од овие комбинации можат да произлезат најдобрите парови.

Дознајте кој е вашиот спротивен хороскопски знак и зошто би требало да бидете во врска со него:

Овен и Вага

Овој пар постојано ќе бара рамнотежа помеѓу нив и останатите. Овенот е жесток, импулсивен и сака да биде сам. Вагата, од друга страна, повеќе сака кога е дел од некоја група. Овенот може да го размрда животот кога нештата ќе станат здодевни, додека Вагата ќе полуди и од најмалиот проблем.

Во најдобар случај Вагата ќе го научи Овенот како да забави и да се опушти, додека Овенот ќе ѝ покаже на Вагата како да го привлече целото внимание врз неа и како да ги искаже своите чувства.

Бик и Скорпија

Бикот и Скорпијата би биле одличен пар бидејќи и за двата знака е познато дека се фокусираат на вредноста и парите. Бикот, под влијанието на Венера, навистина ужива во земните задоволства, додека Скорпијата, која е под влијание од Плутон, може целосно да го игнорира материјалното богатство за да созрее како личност.

И Бикот и Скорпијата знаат како да го збогатат својот живот, но на различен начин. Бикот може да ѝ помогне да Скорпијата да се приземји, додека Скорпијата ќе го инспирира Бикот да го истражи непознатото.

zoshto-e-dobro-da-bidete-vo-vrska-so-vashiot-sprotiven-horoskopski-znak-02.jpg

Близнаци и Стрелец

И Близнаците и Стрелците се љубопитни за сè што ги опкружува. Близнаците сакаат да се фокусираат на деталите, додека Стрелците се авантуристи кои секогаш ја гледаат големата слика.

Заедно тие се речиси незапирливи. Доколку се пар, нивната врска ќе трае долго.

Рак и Јарец

Јарецот е владеен од Сатурн, па размислува логички и навистина сака да работи. Ракот, пак, под влијание од месечината, повеќе сака да ја следи својата интуиција. Одликите на овој пар се добра кариера и удобен дом.

zoshto-e-dobro-da-bidete-vo-vrska-so-vashiot-sprotiven-horoskopski-znak-03.jpg

Лав и Водолија

Ова се хороскопските знаци што вистински знаат да се забавуваат. Но Лавот повеќе би сакал луксузна забава, додека Водолијата ужива на прославите на отворено. Лавот постојано се искачува на социјалната скала, додека Водолијата протестира и живее за заедницата.

Девица и Риби

И девиците и Рибите сакаат да им помагаат и да им служат на другите, но го прават тоа на различен начин. Девиците можат да им покажат на Рибите како да се однесуваат во јавност, додека Рибите ќе ги научат Девиците одвреме-навреме да се опуштат, да се оттргнат од метежот и да сонуваат за поголеми нешта.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
Љубовен хороскоп за јуни 2026: Раковите може да ги очекува развод, Вагите „паѓаат“ на личности кои б... Голем дел од знаците може да имаат здодевна врска, исполнета со монотонија, но и...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...
Какво детство сте имале, според хороскопскиот знак на вашата мајка? Ако вашата мајка е родена во знакот на Стрелец, тогаш вашето детство била една д...

Најчитани неделава